Јузмески – најдобар промотор на Македонија за 2011 год

Љупчо Јузмески еден од четворицата лауреати на наградата “Најдобар промотор на Македонија”за 2011. Покрај него ова високо признание го добија уште и Симон Трпчески во категоријата уметност и наука, Македонската кошаркарска репрезентација во категоријата дипломатија од добра волја и Александар Богатинов, човекот кој освои најголем број на гласови од јавното гласање кое се спроведе на социјалната мрежа facebook, а траеше четири месеци.

 |  Татјана Маленкова  | 
juzmeski
juzmeski

Љупчо Јузмески еден од четворицата лауреати на наградата “Најдобар промотор на Македонија”за 2011. Покрај него ова високо признание го добија уште и Симон Трпчески во категоријата уметност и наука, Македонската кошаркарска репрезентација во категоријата дипломатија од добра волја и Александар Богатинов, човекот кој освои најголем број на гласови од јавното гласање кое се спроведе на социјалната мрежа facebook, а траеше четири месеци.
Јузмески  восхитен и радосен упати благодарност кон сите кои гласале за него како и на честа што токму тој беше избран од facebook пријателите и од жирито за најдобар промотер на Македонија.

„ Им благодарам на сите што гласаа за мене. Не сум само јас победникот, фактички побеници сме сите номинирани од страна на приватниот проект „Македонија ве сака“, кој е непрофитабилен проект и ги промовира најдобрите промотери и љубители на Македонија независно дали се од Македонија или се од надвор. Тука се вклучени и странци кои ја сакаат нашата држава и ја промовираат во нивните сопствени држави“, вели Љупчо Јузмески.

Иницијативата за избор на “Најдобар промотор на Македонија“ е на вљубеници во Македонија. Еден од иницијаторите е Станислав Пигон кој по потекло е од Полска, но е голем вљубеник на нашата земја. Ова е втора година како се спроведува номинирањето за промотери на Македонија. Минатата година проектот се спроведе во една категорија „Најдбар промотер на Македонија“ и во неа беа вклучени домашни и странски лица, а годинава наградите се доделуваа во четири категории. Јузмески беше номиниран како директен учесник во промовирањето на Македонија преку коорганизаторство на интернационалниот фолклорен фестивал кој се одржува во Охрид секое лето на празникот Св. Наум „Разиграно оро“ и поради реализираните групни тури во Охрид, но и кружни тури низ Македнија.

„ Мислам дека најдобрата реклама за нашата земја е кога сите задоволни гости ќе понесат слики во нивните држави. Затоа ја прифатив и номинацијата за учество во трката најдобар промотер и еве се покажа дека правилно сум постапил“, додава добитникот на наградата.

najdobar promotor na MakedonijaЈузмески открива дека основен негов водич за да биде успешен во својата професија е љубовта према работата, презентирање на македонската историја и богатствата кои ги крие нашата земја. Тој е категоричен дека за промоција на Македонија треба да се вложува уште повеќе.

„ Порака до сите кои сакаат да ја промовираат Македонија да не запираат тука, да продолжат понатака колку и да е тешко и неизводливо нека се трудат и нека одат напред. Тоа е пораката од мене до сите кои сакаат да ја промовираат Македонија“, додава Јузмески.

Охриѓанецот Јузмески зборува пет странски јазици, 20 години работи во туризмот. Го знаеме како дел од тимот на рецепција во автокампот Градиште, хотел Макотекс, хотелот Метропол. Тој вели дека сето ова го работел со љубов, но подлабоко во себе се пронашол и сфатил дека негова мисија е да  биде Туристички водич, со што активно се занимава веќе три години.
Свеченото доделување на наградите ќе биде на 14 март во Скопје.  Свеченоста ќе биде прилика за претставување на постигнувањата на лауреатите како и на сите триесет номинирани за Наградата за 2011 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top