Артерија ја донесе „Невидлива Софија“ во Охрид

„Невидлива Софија“ пред Охриѓани. Станува збор за изложба – проект на студентите Елена Героска од Македонија и Стефан Маринов од Бугарија, кои  се студенти по фотографија во Националната академија за театарска и филмска уметност НАТФИЗ во Софија. Изложбата е во организација на Центарот за културен проток “Артерија“.

 |  Татјана Маленкова  | 
izlozba
izlozba

„Невидлива Софија“ пред Охриѓани. Станува збор за изложба – проект на студентите Елена Героска од Македонија и Стефан Маринов од Бугарија, кои  се студенти по фотографија во Националната академија за театарска и филмска уметност НАТФИЗ во Софија. Изложбата е во организација на Центарот за културен проток “Артерија“.

Ова е трето поставување на изложбата „Невидлива Софија“. Истата најпрво била презентирана на неделата за архитектура во Софија – Бугарија, за подоцна истата да биде поставена и во Културно информативниот центар во Скопје.

izlozba„ Ова е заедничко истражување, проект со мојот колега Стефан Маринов кој е од Р Македонија. Идејата беше преку фотографијата да покажема колку е убава фотографијата, поточно невидливата убавина не успеваат да ја забележат во своето секојдневие сакаме да го покажеме она што не опкружува“, вели уметникот Елена Героска.

„Невидлива Софија“ е фотографски проект кој се базира на невидливата убавина која е насекаде околу нас. Нашите истражувања и реализација на проектот траеја скоро една година. Се обидовме да го погледнеме одново она што за нас изгледаше толку познато, вели уметникот од Бугарија Стефан Маринов.

Во галеријата Робевци изложено е  21 дело. Секоја фотографија од проектот се состои од две фотографии, направени на две различни локации. Обединети се две гледни точки за две навидум далечни места и тој судир на две реалности ја создава новата реалност, онаа за невидиливиот град.

Изложбата во Галерија “Робевци” Охрид ќе биде отворена до крајот на месец јануари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top