Граѓаните незадоволни од проодноста на oхридските улици

Нови петнаесетина сантиметри снег, стара мака за надлежните. Од „Комуналец“ велат дека без прекин се работи на расчистување на снегот според динамиката и категоријата на улиците. Граѓаните пак нималку задоволни од проодноста на oхридските улици.

 |  Мишел Наумоски  | 
sneg
sneg

snegНова снежна покривка го затрупа вчера сработеното. Петнаесетина сантиметри снег им отворија дополнителна работа на надлежните служби. Низ целата држава се работи на расчистување на патните правци. Од Македонија пат добивме информации дека  со исклучок на забраната за тешки моторни возила која важи за патот Маврово-Дебар, превоите Пресека и Ѓавато, како и патот Струга-Ќафасан, воглавно сообраќајниците, се проодни. Сообраќајот се одвива во зимски услови, по коловози со кашест снег. Од Центарот за управување со кризи велат: Во општина Струга сите патни правци што се во надлежност на Македонија пат се проодни за сообраќај, освен патниот правец од Кореа кон с.Јабланица, Мислодежда и кон селата во Малесија, кои ќе се чистат во текот на денот. Непроодни се и патните правци кон селата: Вични, Горна Белица, Модрич и Локов. Охриѓани пак незадоволни од сработеното. Велат треба многу повеќе.

„Ништо не е сработено, треба многу повеќе.“

„Не сум задоволен, знаеме дека такви се условите ама треба сиот овој снег што се чисти да биде и отстранет.“

„Воопшто не сум задоволен, бидејќи ништо не е сработено од утринава. Јас живеам на „Ариф Мустафа“, таму ништо не исчистено, исто и на „Гоце Делчев“.-се пожалија дел од Охриѓани.
sneg
Директорот на јавното претпријатие „Охридски комуналец“, Сашо Алче, вели дека екипите се постојано на терен и дека се работи на расчистување на сите охридски улици. Тој додава: „Трите камиони и двете соларки се на терен, од вчера работиме без прекин. Сите улици се посипени со сол, некои дури и повеќе пати. Граѓаните мора да бидат малку трпеливи, бидејки ова се зимски услови.“ Алче не информираше дека охридските улици се чистат според динамиката и во зависност од категоријата на улицата, но додаде дека сите улици ќе бидат исчистени, а се работи и на расчистување на тротоарите. Реакција за чистењето на тротоарите добивме од граѓани од населбата Воска. Оттаму ни се пожалија дека вработените во „Комуналец“ снегот кој го чистат од улиците со машините го фрлаат на тротоарите кои луѓето  претходно ги чистеле. Своја забелешка имаше и директорот на „Охридски комуналец“, Сашо Алче. Тој пак се пожали дека неговите вработени кои од рано изутрина работат на чистењето на снегот, биле избркани во населбата „Бараки“, а во меѓувреме токму тие граѓани се жалат на службите. По се изгледа тешко е и волкот да биде сит, и овците на број.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top