Хуманитерен календар – подарок за охриѓани од Гоце Мојсоски

Охриѓанецот Гоце Мојсоски кој на светскиот избор за  мистер на убавина, го претставуваше Охрид и Македонија, подготви Новогодишно изненадување за охриѓани. Побликува хуманитарен календар, со што ја покажа својата хуманост на дело. Идејата ми беше да допринесам во собирање на средства, а со тоа да им помогнам на луѓето за празнициве да си поминат убаво, вели Мојсоски.

 |  Татјана Маленкова  | 
Mojsoski

„Решив да донирам 100 тина календари во Црвен крст кои подоцна ќе можат да си ги продаваат, а собраните пари да ги оскористат за хуманитарни цели. Цената за календарот ќе си ја одреди Црвениот крст , како и средствата кои ќе ги собери ќе одреди на кого да им ги подели, за кого се најпотребни“, вели Мојсоски.

Мојсоски со задоволство проговори и за годината која измина. Вели дека 2011 ќе ја памети како најуспешна затоа што си започнал сопствен бизнис, а како поголем успех го смета неговото учество на светскиот избор за мистер кој се одржа во Сеул – Јужна Кореја и каде постигна огроме успех и за него, но и за Македонија, пласирајќи се во финалето поточно освојувајќи го 16-тото место од 80 теучесници. Мојсоски вели дека има и многу планови за годината која следува, но не сакаше многу да открива.

„ Планови првично имам многу но ќе оставам времето да си го покаже своето“, вели Мојсоски.

Календарот кој е изработен на инацијатива на Мојсоски е прв ваков календар кој е изработен во Охрид. На 12 те страници покрај Мојсоски се и моделите Ивана Лупеска, Мартина и Катерина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top