Запленети 20 тони тутун за продажба на „црно“

Поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – “недозволено пренесување на акцизно добро односно стока или користење на акцизна дозвола или одобрение“, СВР Охрид, поднесе кривична пријава против А.Г.(55) од струшкото село Франгово, Н.К. (46) од Охрид и А.Б.(38) од Поградец-Република Албанија.

 |   | 
tutun

Пријавените А.Г. и Н.К. во текот на минатата година, против-правно набавиле околу 20 тони ситно сецкан тутун за пушење, кој како акцизна стока подлежи на акциза согласно Законот за акцизи. Со намера целосно или делумно да ги избегнат акцизните давачки, пријавените А.Г. и Н.К., тутунот, бесправно го пренесувале до неовластени простории за складирање од каде, бесправно, и без акцизна дозвола, имале намера да го продаваат.
tutunТие, во заеднички договор, го ангажирале албанскиот државјанин, трето пријавениот А.Б. да изврши нелегален транспорт на тутунот, за што е потребен соодветен акцизен документ, издаден од Министерството за финансии, односно од царинската управа на Република Македонија. Истиот, на 18-ти Јануари, оваа година, со намера за нелегален транспорт на тутунот, обезбедил транспортно товарно возило марка “Мерцедес“ со албански регистарски таблици, со кое, преку граничниот премин Ќафасан, остварил влез во Република Македонија.
Товарното возило, го оставил пред неовластените простории, каде, сецканиот тутун бил  нелегално складиран и подготвен за натамошна неовластена продажба.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top