Екстремно ниските температури овојпат ќе го прескокнат Охрид

Додека во соседните држави владее вонредна состојба, Македонија засега се справува со снегот. Во нашиот град денес, релативно нормални температури за овој период. Од „Мекедонски шуми“ велат, и покрај зголемената побарувачка поради ниските температури, огревно дрво има доволно.

 |  Мишел Наумоски  | 
зима
зима

снегДури и временските услови ја сакаат Македонија. Додека во соседните држави владее вонредна состојба поради екстремните температури и високи снежни покривки, кај нас релативно мирно. Само на некои патни правци сообраќајот се одвива отежнато или има забрана за сообраќај на тешки товарни возила. Во Охрид, температурите и натаму се движат во рамки на нормалата. Снег ќе паѓа и во текот на утрешниот ден, но се очекува најниската температура да се движи околу 4тиот степен под нулата. Пониски температури, но и поголеми снежни покривки засега само на повисоките места.

„На некои повисоки места, снежната покривка во Македонија на Кожув е 217 сантимерти, во Маврово 98, на Попова Шапка 80, Лазарополе 70, 55 се измерени во Крушево, 30 во Дебар и Тетово. Снежната покривка ќе се зголеми поради врнежите што ќе бидат во текот на денешниот и утрешниот ден, на некои места за едно 20 до 30 сантиметри. Меѓутоа утринските температури ќе бидат пониски, а врнежите ќе бидат поретки и со послаб интензитет.“-вели Веселин Стојанов-Дежурен синоптичар во Управата за хидро-метеоролошки работи на Македонија.

ogrevno drvoПрвиот проблем со кој се соочуваат граѓаните при вака ниски температури е секако начинот на затоплување. Во моментов најефтиниот енергенс, огревното дрво и натаму ќе се продава по истата  цена. Од „Македонски шуми“ порачуваат дека се подготвени за дополнително снабдување на граѓаните со дрва. Од јавното претпријатие „Македонски шуми“ потврдуваат дека побарувачката на огревно дрво е зголемена поради ниските температури, меѓутоа и дека во нивните складови има доволна количина на дрво за да ја задоволи зголемената побарувачка.

Смирувачки ноти и од ЕВН-Македонија. Оттаму велат дека и во екстремни случаи нема да има прекин на снабдувањето со електрична енергија. Единствено проблем би настанал доколку падне поголема количина на тежок, влажен снег или пак ако брзината на ветрот изнесува над 110 километри на час. Портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачески вели дека до овој момент не се забележани некои поголеми дефекти поради временските услови, но и дека екипите се подготвени да се справат со најавените услови.
Уште еден ризик при ниски температури е и опасноста од замрзнување на водомерите. Од МЈП „Проаква“ апелираат заштитување на водомерните броила. Тоа може да се направи со обвивање на водомерот со изолационен материјал и покривање на шахтата со изолационен покрив. „Доколку корисниците не ги превземат овие превентивни мерки, трошоците за санирање на водомерите ќе ги сносат самите граѓани.
Да се надеваме дека екстремно ниските температури ќе не избегнат и во наредните денови и дека нема да се соочиме со горенаведените проблеми.    

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top