Ознака: кои

fasada

Ситиот на гладниот не му верува

Post Views: 1 Сопствениците на куќите кои се без фасада се ставени пред тешка дилема како да ја завршат последната фаза од изградбата на својот дом во услови на тешка економска криза. Во недостиг на финасии сега се растргнати меѓу високите казни од кои боли глава и своите можности за да ја завршат и обојат надворешноста на својот дом.    Раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски вели дека засега немаат точна цифра на нефасадирани објекти во Охрид. Нивните сознанија се дека повеќето нефасадираните објекти се во руралните средини, а во градот нивната бројка е помала.Во...

Continue reading

pedofil

Откриен педофил во Охрид

Post Views: 1 Струмичанец заврши во охридскиот притвор. Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „Полов напад врз дете“, СВР Охрид поднесе соодветна пријава против Д.Ј.(28). Мета на сторителот биле три малолетни жртви. Настанот во СВР е пријавен од страна на родител, на едно од децата. Според соопштението од СВР, во врска со ова кривично дело, пријавениот на 22 октомври во помошна просторија на пазарот на големо, кој се наоѓа на ул. „Сирма Војвода“, извршил полови дејствија врз едно малолетно лице од Охрид, кое во моментот било со уште двајца негови другари....

Continue reading

seminar

Флексибилност и сигурност на пазарот на тудот

Post Views: 2 Регионален семинар на УНАСМ. Флексисигурен пазар на трудот е годинашнава топ тема на македонските синдикалци, кои три дена во хотелот „Климетица“,  ќе разменат искуства со земјите од ЕУ. Благоја Ивановски од УНАСМ од Охрид, вели дека предавањата на овој регионален семинар во периодот што следува ќе им бидат од посебна корист бидејќи целта е да се задржат работните места, а работниците постојано да се надоградуваат. Иваноски потенцира дека уште на почетокот од презентацијата на искуствата од експертите од ЕУ, може да направи компарација кој модел на флексисигурност е...

Continue reading

opshtina Ohrid

Општина Охрид повторно без кредит

Post Views: 1 Охрид пак ќе почека за влез во втора фаза на децентрализација. Иако на 38-та седница, советниците едногласни во изгласувањето на Предлог одлуката за долгорочно задолжување на Општина Охрид, сепак деновиве општината и писмено била информирана дека се одбива нејзиното барање за кредитно задолжување во комерцијалните банки. Градоначалникот разочаран од оваа одлука, бидејќи од нивна страна се исполнети сите услови за добивање на кредитот. „Една година не играат и ни кажуваат донесете една па друга одлука. Донесете сега вие одлука, па одлуката застарела, донесете друга одлука,...

Continue reading

dete

Дискриминацијата во македонските училишта сеуште проблем според ЕУ

Post Views: 13 Дали македонското образование е блиску или далеку од стандардите на Европската унија? Ова е прашање на кое барем индиректно треба да даде одговор Регионалната конференција за инклузивност во образованието. Заклучокот на конференцијата е дека сите земји имаат проблеми во својот образовен систем, но целта е сите земји да се стремат кон константно подобрување. Инклузивноста во образованието е еден од најсериозните проблеми со кои се соочува Република Македонија, но и земјите од Западен Балкан и Турција. Македонија е земја со статус за добивање датум за преговори за влез...

Continue reading

Svetiklimentovo ucilishte

Старото Климентово училиште наскоро ќе добие нов сјај

Post Views: 4 Овој значаен историски објект кој всушност претставуваше музејска зграда на музејот на словенска писменост, со постапка за денационализација го доби МПЦ. Старото Климентово училиште како објект претставува поединечно заштитено културно добро за кое националната установа Завод и музеј од Охрид беше задолжена да изврши санација и адаптација. За таа цел, Завод и музеј изработи проект на кој стручна контрола изврши Националниот конзерваторски центар од Скопје од каде била добиена позитивна оценка за проектот. Поради значајноста на објектот, потребно е да се следат одредени...

Continue reading

crven krst

Македонскиот црвен крст еден од поуспешните

Post Views: 0 Од 21 до 25 октомври во посета на Црвениот Крст на Македонија,  престојува делегација од меѓународната федерација на Црвениот  Крст и Црвената Полумесечина од Женева. Посетата на гостите е во рамки на нивната мисија за сертифицирање на националните друштва за Црвен Крст и Црвена Полумесечина. „ЦК на Македонија како една од поактивните национални друштва од регионот уште од пред две години учествува во напорите на меѓународното движење на меѓународната федерација за организациска промена во рамките на движењето. Како резултата на искуставата на нашето друштво во делот...

Continue reading

Marija Kanevce etnolog

Македонскиот вез пленува со колоритот и орнaментите

Post Views: 3 Во музејот  на Робевци заврши изложбата на етно поставката под наслов „ Вез“.  Авторот на изложбата, етнологот Марија Каневче  вели дека посетителите еден месец имале можност да се восхитуваат на совршенството на македонскиот вез и колорит. Етнологот појаснува дека етнолошката поставка, со делови на етно облека од сите краишта на Македонија, со својата оргиналност и мотиви не оставила никого рамнодушен.  Пред јавноста биле презентирани  делови од  кошули и покривала за глава кои  датираат од периодот  на 19 и 20 век. Изработувач на прекрасната везбена техника на делови...

Continue reading

brod ambulanta

Спасувањето на вода-специјалност на Охридскиот Црвен крст

Post Views: 21 Општинската организација на Црвениот крст од Охрид не е само едно од 35те општински здруженија во земјава, туку се вбројува во оние најактивните. Пофални зборови и одлични оценки Црвениот крст од Охрид доби и од претставниците од Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Претседателот на Охридскиот Црвен крст, Сашо Точков вели: „Интензивната соработка со меѓународните организации ни носи позитивни искуства, но ни дава и позитивни насоки кои што ќе ги следиме во иднина.“ „Навистина беше задоволство да се разговара со гостите од Федерацијата,...

Continue reading

press

Охрид врие од инспектори

Post Views: 0 Охрид под лупа на инспекциски контроли. При вчерашната контрола на координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост при Владата на Р. Македонија се одземени 300 пара наочари, 2 компјутери, фрчеа високи глоби, а има и приведено лице. Претседателот на ова координативно тело Мите Костов, вели дека контролите кои досега ги спровеле, вродиле со одредени резултати во борбата против корупцијата криминалот и другите девијации во системот. Конкретно во вчерашната акција на мета биле нотарите, кабелските оператори и подвижните тезги.Повреда на авторските права забележана...

Continue reading

deca Galicica

Едукативни активности во НП „Галичица“

Post Views: 3 Охридските основци, на едукација во НП „Галичица“. После неодамна одржаната обука за наставен кадар, со обучувачи од Русија, денес во НП „Галичица“, дел од своите искуства пренесуваат професори од Холандија. Целта поради која се ангажираат светски обучувачи, е обезбедување висококвалитетна обука на вработените, кои пак на целните групи треба стручно да им ги објаснат природните и културните пејсажи на паркот, вели првиот човек на паркот Зоран Ангелоски. Директорот вели дека соработката со светските еколози не случајна. Додава, дека посебно му причинува задоволство што...

Continue reading

anticki

Охридскиот музеј чека пари за експропријација на објекти

Post Views: 0 Министерството за култура повеќе од 4 години нема одвоено пари за експропријација на објекти на кои се откриени различни археолошки наоди. Нетрпеливи стануваат  и сопствениците на објектите кои чекаат да се решат  имотните односи.. Директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска, изјави за ТВМ дека нивната институција конкурирала со проект за 2012 година за   одобрување на финансиски средства за оваа намена. Од Завод и Музеј не откриваат  колку пари побарале од ресорното министерство. Кратко велат дека ќе чекаат на одлуката до март идната година дали ќе добијат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top