Македонскиот вез пленува со колоритот и орнaментите

Во музејот  на Робевци заврши изложбата на етно поставката под наслов „ Вез“.  Авторот на изложбата етнологот Марија Каневче  вели дека посетителите еден месец имале можност да се восхитуваат на совршенството на македонскиот вез и колорит.

 |  Валентина Нелоска  | 
Marija Kanevce etnolog
Marija Kanevce etnolog

Во музејот  на Робевци заврши изложбата на етно поставката под наслов „ Вез“.  Авторот на изложбата, етнологот Марија Каневче  вели дека посетителите еден месец имале можност да се восхитуваат на совршенството на македонскиот вез и колорит.

Етнологот појаснува дека етнолошката поставка, со делови на етно облека од сите краишта на Македонија, со својата оргиналност и мотиви не оставила никого рамнодушен.  Пред јавноста биле презентирани  делови од  кошули и покривала за глава кои  датираат од периодот  на 19 и 20 век. Изработувач на прекрасната везбена техника на делови од народна носија е македонската жена која учела од најмала возраст да везе  па се до длабока старост, нагласува Каневче.

izlozbaВезот на  кошулите и покривалата за глава изобилува со колорит од свилени и волнени конци, каде доминира црвената боја,  а најчесто се  извезени геометриски и орнаментални форми. Преку богатиот народен вез се открива  душата и сензибилитетот на македонската жена во  еден неповторлив временски период.
Кошулите и покривалата за глава се сопственост на Завод и музеј. Наместо да завршат изедени од молци, во сандак или орман, најдобро се заштитуваат во  Музејот, нагласува етнологот Каневче. За нивната заштита се грижи тим од стручни лица меѓу кои и конзерватор. Набавката на експонатите се врши преку откуп  и со подарок.

izlozbaПостојано има   луѓе кои ги отстапуваат и подаруваат своите експонати на Музејот затоа што се сигурни дека тука ќе бидат и најсоодветно зачувани, раскажува Каневче.
Етнологот Марија Каневче за организирање  на следни проекти и изложби вели дека се зависи од одобрените средства на ресорното министертство. Вообичаено со проекти се  аплицира на почеток од годината, па се очекува веќе од  јануари идната година да се видат можностите со кои би се планирале активности за презентирање на богатиот македонски етно фолклор веќе за следната сезона.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top