Едукативни активности во НП „Галичица“

Искусни професори од Холандија, вршат обука на вработените на НП „Галичица“. Оваа како и повеќе други активности се во рамките на престојното одбележување на 53 годишнината од постоењето на НП. Целна група денес беа дел од основците на општина Охрид.

 |  Билјана Николоска  | 
deca Galicica
deca Galicica

deca GalicicaОхридските основци, на едукација во НП „Галичица“. После неодамна одржаната обука за наставен кадар, со обучувачи од Русија, денес во НП „Галичица“, дел од своите искуства пренесуваат професори од Холандија. Целта поради која се ангажираат светски обучувачи, е обезбедување висококвалитетна обука на вработените, кои пак на целните групи треба стручно да им ги објаснат природните и културните пејсажи на паркот, вели првиот човек на паркот Зоран Ангелоски. Директорот вели дека соработката со светските еколози не случајна. Додава, дека посебно му причинува задоволство што денес во реконструираната природна училница, присутни се група на основци кои ќе слушнат за вредностите на паркот.
deca GalicicaОбучувачите од Холандија сметаат дека направен е голем прогрес во паркот. Гуидо Нијланд како екологист и обучувач, вели дека преземените активностите за управување и заштита на животната средина од страна на менаџерскиот тим на паркот, паѓа во очи не само на локалното население туку и воопшто на сите посетители.
Во тек е изградбата на двете сали во центарот за посетители во Охрид кои се наменети исклучиво за посетителите. Салите за 10 дена ќе бидат докомплетирани, а воедно истите се единствени во земјава. Директорот  во догледно време најави изградба на амфитеатрелен дел во дворното место на информативниот центар и ботаничка градина со сите видови растителни примероци кои се среќеваат во границите на паркот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top