Откриен педофил во Охрид

Приведено е лицето Д.Ј (28) од Струмица.Поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело „Полов напад на дете“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против сторителот.

 |  Билјана Николоска  | 
pedofil
pedofil

register osudeni pedofiliСтрумичанец заврши во охридскиот притвор. Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „Полов напад врз дете“, СВР Охрид поднесе соодветна пријава против Д.Ј.(28). Мета на сторителот биле три малолетни жртви. Настанот во СВР е пријавен од страна на родител, на едно од децата. Според соопштението од СВР, во врска со ова кривично дело, пријавениот на 22 октомври во помошна просторија на пазарот на големо, кој се наоѓа на ул. „Сирма Војвода“, извршил полови дејствија врз едно малолетно лице од Охрид, кое во моментот било со уште двајца негови другари. Настанот се случил така што струмичанецот Д.Ј. забележувајќи ги трите деца во близина на пазарот, ги намамил во импровизираната картонска просторија, по што со употреба на физичка сила на едниот од нив му ги соблекол пантолоните и почнал да го допира по интимните делови на телото. Веднаш потоа, тој се обидел да им ги соблече пантолоните и на другите две малолетни лица. При тој обид,  пријавениот бил удрен по глава од вториот и оттурнат од третиот малолетник, по што тројцата малолетници успеале заедно да побегнат од просторијата. Храброста на родителот од Охрид, да го пријави настанот, нека биде поттик за сите оние кои имаат и најмал сомнеж дека ги демне опасност од оваа асоцијална појава, да не молчат.
Minister Spiro RisteskiЧинот на злоупотреба на малолетници е најостро осуден од сите релевантни субјекти во општеството. Од НВО „Езерка“, Струга, Драгица Павлеска Попеска, вели дека педофилијата како појава, треба да не загрижи сите. Таа смета дека родителите, а посебно наставниот кадар, треба дополнително да се едуцираат да ја препознаваат оваа појава, посебно во денешно време кога преку интернет, социјалните мрежи максимално се злоупотребуваат. Попеска вели дека и малолетната популација на Струга и Охрид не е поштедена од грозоморните работи кои се случуваат, како резултат на девијантните појави на поединци.
МТСП изготви предлог – закон за посебен регистар на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија. Потребата од постоење ваков регистар е недвосмислена за повеќе институции, а пред се за центрите за социјална работа, училиштата, градинките, како и за граѓаните воопшто преку достапност на информации за лицата кои живеат во нивната околина, а се осудени за кривични дела поврзани за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија – рече министерот  Спиро Ристовски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top