Дискриминацијата во македонските училишта сеуште проблем според ЕУ

Дали македонското образование е блиску или далеку од стандардите на Европската унија? Ова е прашање на кое барем индиректно треба да даде одговор Регионалната конференција за инклузивност во образованието.

 |  Мишел Наумоски  | 
dete
dete

Lida KitaДали македонското образование е блиску или далеку од стандардите на Европската унија? Ова е прашање на кое барем индиректно треба да даде одговор Регионалната конференција за инклузивност во образованието. Заклучокот на конференцијата е дека сите земји имаат проблеми во својот образовен систем, но целта е сите земји да се стремат кон константно подобрување. Инклузивноста во образованието е еден од најсериозните проблеми со кои се соочува Република Македонија, но и земјите од Западен Балкан и Турција. Македонија е земја со статус за добивање датум за преговори за влез во Европската унија. Како таква, Република Македонија ја добива помошта од, ЕТФ или Европската образовна и тренинг фондација. На регионалната конференција која тие ја организираа токму во Македонија, заедно со земјите од Западен Балкан и Турција разговараа за проблемот со инклузивноста во образованието, односно отстранување на елементите на дискриминација во образовниот систем.

„Ние сме свесни за проблемите во образованието на оваа земја со која работиме подолг период. Целта на оваа средба беше да се видат, да се споделат заедничките проблеми на луѓето овде со проблемите со кои се соочуваат други луѓе. Веќе три дена имавме интензивни дискусии од кои добивме инпути од сите наши колеги од регионот, имавме можност да посетиме училишта низ земјава и да дискутираме, да споделуваме и да учиме едни од други затоа што инклузивноста во образованието е проблем кој не засегнува сите нас во Европа и во целиот свет.“ -рече Улрике Дамјанович-ЕТФ-за Западен Балкан и Турција. Експертот за социјална инклузија при Европската образовна и тренинг фондација, Лида Кита вели дека сите земји дали повеќе или помалку развиени имаат проблеми во својот образовен систем. Таа посочи дека целта на оваа конференција не е да се рангираат земјите според тоа што го постигнале во образованието.

Ulrike Damjanovic„Ако ги погледнете бенчмарковите можете да дојдете до заклучокот дека некои земји се на пониско ниво од другите, но истовремено покажува и дека земјите доста напредувале во текот на овој процес на проширување на ЕУ и ако во некои области видите дека некои земји се можеби подобри од некои други земји сепак не се работи тука за рангирање по успех. Бенчмарковите служат само како мотив и како промоција за земјите да видат до каде стигнале и како можат да напредуваат и како да го искористат европскиот процес на интеграција за да добијат подршка во својот напредок, не само како поединечна земја туку и како дел од целиот регион.“-вели Лида Кита-Експерт за социјална инклузија при ЕТФ
Имено станува збор за прва конференција од ваков вид која што е одржана во Република Македонија. Директорот на Центарот за средно стручно образование и обука, Зекир Закири вели дека Македонија во иднина мора да биде пофлексибилна во однос на инклузивноста во образованието. „Оваа регионална конференција е многу значајна и ќе биде една светла точка во развојот и иднината на оваа држава. Се работи за инклузивност во образованието, бидејќи нашата држава е една мултиетничка, мултикултурна држава. Благодарение на ЕТФ што ни помагаат во оваа насока, и ние се надеваме дека со заедничка соработка во иднина ќе бидеме многу успешни и со препораките на ЕУ да бидеме многу ефикасни.“-изјави Зекир Закири-Дир.на Центар за средно стручно образование и обука.Инклузивноста во образованието значи едно пошироко прифаќање на сите ученици и вклучување на сите категории во образовните институции како деца со посебни потреби, деца со социо-економски проблеми, деца со психо-физичка попреченост, деца без родители. Инклузијата подразбира отфрлање на дискриминацијата, диференцијацијата на учениците и поттикнување на рамноправноста на учениците од едно исто училиште.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top