Флексибилност и сигурност на пазарот на тудот

Наредниве три дена во хотелот „Климетица“- Охрид, се одржува регионален семинар на Унија на Независни Автономни Синдикати на Македонија. Идејата е да се споделат искуства од земјите на ЕУ и од Р.Македонија.

 |  Билјана Николоска  | 
seminar
seminar

Регионален семинар на УНАСМ. Флексисигурен пазар на трудот е годинашнава топ тема на македонските синдикалци, кои три дена во хотелот „Климетица“,  ќе разменат искуства со земјите од ЕУ. Благоја Ивановски од УНАСМ од Охрид, вели дека предавањата на овој регионален семинар во периодот што следува ќе им бидат од посебна корист бидејќи целта е да се задржат работните места, а работниците постојано да се надоградуваат.
Иваноски потенцира дека уште на почетокот од презентацијата на искуствата од експертите од ЕУ, може да направи компарација кој модел на флексисигурност е покорисен.
seminarЈулија Рик експерт на ЕЗА рече дека сака да ги пренесе искуствата на европската унија како и истражувањата кои ги имала ЕЗА. Таа додаде дека исто така сакала да ги презентира најдобрите практики, што другите синдикалисти мислат на темата флексигурити.
Европските експерти сметаат дека соработката со македонските синдикати е многу важна, затоа што можат да се разменат искуства и да се добијат знаења за тоа каква е ситуацијата тука, а воедно да се сфати и комплексноста на проблемот. Инаку, под поимот флексисигурност се подразбира политичка стратегија која настојува, синхронизирано и на доброволен начин, да го унапреди флексибилниот пазар на труд, организација при работата и работните односи од една, и да осигура сигурност-сигурност при вработувањето и социјална сигурност, особено за послабите групи и оние надвор од пазарот на труд, од друга страна.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top