Спасувањето на вода-специјалност на Охридскиот Црвен крст

Според Националото здружение на Црвениот крст од Македонија, Охридската организација  е една од најактивните. Голем број на проекти се реализирани, а уште добар дел се спроведуваат во моментов со што Црвениот крст од Охрид има и завидна соработка со меѓународни организации кои бележат одличен успех.

 |  Мишел Наумоски  | 
brod ambulanta
brod ambulanta

Општинската организација на Црвениот крст од Охрид не е само едно од 35те општински здруженија во земјава, туку се вбројува во оние најактивните. Пофални зборови и одлични оценки Црвениот крст од Охрид доби и од претставниците од Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Претседателот на Охридскиот Црвен крст, Сашо Точков вели: „Интензивната соработка со меѓународните организации ни носи позитивни искуства, но ни дава и позитивни насоки кои што ќе ги следиме во иднина.“

„Навистина беше задоволство да се разговара со гостите од Федерацијата, со стручните луѓе во овој дел за програмски развој, кои што видоа многу нови работи кои што ние ги покажавме, начин на кој ние пристапуваме да стигнеме до тие целни групи, ранливи категории на луѓе на кои што им е потребна помош, но и особено во делот на катастрофите каде што бевме и од страна на претставниците од Женева, на Меѓународната федерација бевме истакнати како единствени не само на овие простори, туку и воопшто во Европа кои што ете толку внимание посветуваат на делот на спасување на вода, на спасување на планина и толку успешно и професионално тоа го работат.“-рече Претседателот на Охридскиот Црвен крст-Сашо Точков.

saso TockovТие спроведуваат голем број на акции и проекти, а соработуваат со голем број на меѓународни организации, како што се „Бамберг“ од Германија, операцијата „Флоријан“ како и американскиот мировен корпус.

„Веќе тековно се работи на оние меѓународни проекти кои што се со наслов „Супер киди брејн он брејн“ програмата каде што децата ги учат животните вештини во Црвениот крст, детскиот час за приказни заедно со Мировниот корпус веќе оди, веќе тековно е во Црвениот крст, деновиве ја привршуваме кампањата за Неделата за борба против гладта каде што собираме прехрамбени производи од хуманите луѓе во Охрид ги правиме во хуманитарни пакети и ги дистрибуираме на социјално најзагрозените семејства.“-вели Точков.

Точков додава дека во работењето на организацијата секако постојат и слабости, но и дека постојано се работи на нивно отстранување и задржување на високото ниво на квалитет на работа кои Охридскиот Црвен крст ги негува.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top