Македонскиот црвен крст еден од поуспешните

Од 21 до 25 октомври во посета на Црвениот Крст на Македонија,  престојува делегација од меѓународната федерација на Црвениот  Крст и Црвената Полумесечина од Женева. Посетата на гостите е во рамки на нивната мисија за сертифицирање на националните друштва за Црвен Крст и Црвена Полумесечина.

 |  Татјана Маленкова  | 
crven krst
Црвен Крст

Од 21 до 25 октомври во посета на Црвениот Крст на Македонија,  престојува делегација од меѓународната федерација на Црвениот  Крст и Црвената Полумесечина од Женева. Посетата на гостите е во рамки на нивната мисија за сертифицирање на националните друштва за Црвен Крст и Црвена Полумесечина.
„ЦК на Македонија како една од поактивните национални друштва од регионот уште од пред две години учествува во напорите на меѓународното движење на меѓународната федерација за организациска промена во рамките на движењето. Како резултата на искуставата на нашето друштво во делот на успешно имплементирање на  проектот за интензивна надградба на капацитети во изминатите три години, ние сме избрани и да учествуваме во оваа пилот фаза на меѓународната федерација која се нарекува сертифицирање на рабоатата на националните друштва“, вели раководител на сектор за програми на Црвен крст на Македонија, Сашо Талески.

Saso Taleski„На наше големо задоволство сега сме посетени од делегација на меѓународната федерација. Првата фаза од овој процес е успешно завршена и како национално друшо очекуваме дека ќе бидеме друштво кое ќе поседува ваков сертификат за успешни задоволени стандарди во своето работење. Ова занас е важно затоа што овој сертификат ќе ни овозможи како црвен крст на Македонија, понатаму да аплицираме на разни проекти од различни донатори и секако овој сертификат ќе претставува дополнителна гаранција за нашите партнери дека она што го работиме, знаеме како да го сработиме и го работиме на најдобар можен начин“, вели раководител на сектор за програми на Црвен крст на Македонија, Сашо Талески.

Шефот на одделението за развој на маѓународениот Црвен крст истакнува дека целта е меѓународниот црвен крст и црваната полумесеечина да работат  колку што е можно на повисоко ниво, со цел што поуспешно да ја остваруваат работа. Беки додава дека во годинава кој претстои година претстеваници од централата во Женева ќе ги посетат сите 187 национални друштва, ќе се запознаат со нивната работа во целост, затоа што сите ќе треба да ги исполнат квалитативните стандарди во своето работење.

„Македонија е осма во низата на земји која е посетена од наша страна, земја која ја тастираме и одговорно тврдам дека иако е ова ново национално друштво слободно можам да го споредам со мал дијамант“, истакна Бреки.

Rodzer Breki„Просто е зачудувачки колку за краток период во последните неколкугодини колку сите системи на национлното друштво се унапредени и развиени. Нашиопт тест е доста тежок и тестираме 92 карктеристики на националното друштво, овие карактеристики се однесуваат во повеќе области, на делот на планирањето на работата, финансиското работење, на известувањето, на квалитетот на програмите кои се реализираат и можеме да кажеме дека тие како национлно друштво и вие како земја може да бидете горди затоа што национлното друштво на црвен крст на Р македонија успешно ги помина сите рашања и оствари сите критериуми“, вели – шефот на оделение за развој на маѓународен Црвен крст, Роџер Бреки.

За време на тестовите, нашето национално друштво требаше да одговори на 92 прашања, од рамки на регулативата која ја поседуваме, активностите кои ги реализираме во различни програмеки дејности, матријалните и човечки капацитети кои ги поседуваме. Може да се пофалиме дека нашето национално друштво многу успешно одговоривме на сето она што беше како предизвик во рамки на се она што беше утврдено во рамки на меѓународната федерација.  Гостите од Женева при оваа посета уште констатираа дека Црвениот крст на Македонија покрај тоа што е една од поуспешните организации во регионов, таа  ужива и голема доерба и кај населението и кај властите во Р Македонија.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top