Post Views: 8
„Унапредување на средното стручно образование“ беше тема на настанот што денес се одржа во Охрид во организација на Министерството за образование и наука, a со поддршка на Општина Охрид. Во своето поздравно обраќање охридскиот градоначалник Кирил Пецаков истакна дека ја поддржува секоја промена што е во насока на општествен напредок, па оттука неминовно е да се применува дуалното образование во стручните училишта со цел квалификуваните кадри да можат да се вработуваат во компании во својата земја.
Унапредувањето на средното стручно образование е тема...
Post Views: 5
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, од вечер на полноќ се намалуваат за 6,50 денари од литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинуваат за девет денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 86,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 88,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 88,00, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 83,50 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,345 денари и еден килограм ќе чини 60,914 денари.
ОД ПОНЕДЕЛНИК...
Post Views: 14
Откако Доналд Трамп беше исфрлен од Фејсбук, Твитер и Јутјуб, поранешниот американски претседател реши да создаде своја социјална мрежа каде нема да има цензура и забрани.
Минатата година објави платформа наречена Truth Social, а нејзиното тестирање започна оваа недела. Според достапните информации, оваа платформа моментално е отворена за околу 500 корисници и нејзиното официјално лансирање можеме да го очекуваме следниот месец.
Една од првите објави (или „вистина“) на оваа мрежа ја направи, се разбира, Доналд Трамп, кој напиша Подгответе се! Вашиот омилен претседател...
Post Views: 3
Одделението за градежно одржување во рамки на своите активности, а по укажување на граѓани изминатите дена изврши подигање и нивелирање на канализациони шахти на ул. Момчило Јорданоски.
Ваквите активности во соработка со граѓаните допринесуваат за подигнување на квалитетот на живеење на самите места, како и во општина Охрид.
Post Views: 3
На 15.02.2022 на ул. „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода М.Ј. (23) од Струга.
При контрола на патничко возило „опел“, со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и електро шок направа. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.
Post Views: 4
Во рамки на работната посета на Република Турција, делегацијата на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков и претседателот на Советот на Општина Охрид Сашо Донев, денес, оствари средба со градоначалникот на збратимениот град Јалова, Мустафа Тутук.
На средбата беше разговарано за актуелни теми, како и за продлабочување на соработката помеѓу збратимените општини. Беа разменети мислења за туризмот и предизвиците со кои се соочува настанати како последица на кризните временски неприлики, а беа разменети и идеи за нивно надминување и привлекување на туристи...
Post Views: 11
Во Владата денес ќе се одржи состанок со здруженијата на пензионери на кој ќе се разговара за барањето за зголемување на пензиите.
Состанокот ќе почне во 13:30 часот, а на него ќе присуствуваат вицепремиерот за економски ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, како и претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери.
Со овој состанок се означува почеток на дијалогот за предлог новата методологија за покачување на пензиите – велат од Владата.
Post Views: 1
Децата во основните училишта во Општина Дебрца деновиве создаваат мали уметнички дела. На работилници кои ги држи уметникот Тони Попов од Охрид ги запознаваат сликарските техники и материјали и ја изразуваат својата креативност. Попов на овој начин преку својот најнов проект „Маргини“ продолжува со својата мисија да ја доближи уметноста до луѓето, пред се децата, посебно до оние на кои таа им е најчесто недостапна. „Маргини“ го спроведува Здружението за развој на културно-уметнички вредности„Тактус“ од Охрид во соработка со Општина Дебрца и финансиската поддршка од норвешка...
Post Views: 2
Секојдневното зголемување на цените на нафтените деривати ги принуди охридските превозници во јавниот транспорт да бараат зголемување на цената на превозот. Превозниците и такси компаниите за да можат да функционираат бараат од Градскиот совет покачување на цената на билетите во општинскиот линиски превоз и стартната цена на такси превозот.
Во линискиот превоз имаше зголемување на цената пред околу еден месец. Цената на билетот беше покачена за 10 денари, а по вчерашниот пораст на горивата превозниците бараат од Советот на град Охрид ново поскапување на билетите за уште...
Post Views: 11
Австрија не присилува никого да патува во оваа земја, а уште помалку „ќе ги боцкаат сите луѓе додека не ги успоубијат“, како што лажно се тврди во постот што го рецензираме. Но, секоја држава има дискреционо право да одлучува за исполнување на неопходни услови при влез на нејзина територија. Според важечките правила на земјата, бремените жени и оние кои не можат да ја примат вакцината од медицински причини може да влезат во Австрија ако покажат медицински сертификат и негативен ПЦР тест. Значи, постојат и исклучоци од правилото за оние кои од медицински причини не смеат...
Post Views: 9
Екипите на ЈП „Комуналец“ секојдневно водат битка со справувањето со дивите депонии во охридскиот регион.
Изминативе неколку месеци отстранети се околу 170 нестандардни депонии во Охрид и охридските села, а подигнати се околу 600 м3 отпад. Во вчерашната акција од водите на реката Грашница беше изваден мебел и покуќнина. Загрижува тоа што на веќе исчистените црни еколошки точки несовесните граѓани повторно трупаат отпад.
Зачестена е таквата појава, денес чистиме другиот ден повторно се прави депонија на истите критични точки кои се мапирани. Во соработка со општинскиот...
Post Views: 9
Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска биле откриени 60 неисправни возила со кои се врши јавен превоз низ Македонија. Контролите се извршени во рамки на оперативната акција „Дозвола“, а неисправните возила се исклучени од сообраќај.
Контролирани се 576 автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз, а неисправност е утврдена кај 60 возила. Од нив 21 на територија на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Штип, девет на територија на СВР Струмица, осум на територија на СВР Скопје. Од овие 60 возила, кај 42 е утврден неисправен уред за запирање, кај пет...