Украински преговарач убиен во Киев

Post Views: 8 Членот на украинската делегација за преговори со Русија, Денис Киреев загина во специјална задача, соопшти синоќа главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина. Во соопштението се наведува дека Киреев е еден од тројцата разузнавачи кои загинале при извршување на специјални задачи, пренесе Тасс. Тие загинаа бранејќи ја Украина – се наведува во соопштението. Претходно медиумите јавија дека безбедносната служба на Украина го убила членот на својата делегација во преговорите со Русија. Киреев е осомничен дека е руски...

Continue reading

„Разведи ме“ сабота пред охриѓани

Post Views: 2 Сабота со почеток во 20 часот, во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид ќе се одржи театарската претстава „Разведи ме/Две нијанси црвена“ во режија на Роберт Ристов, а во изведба на Театар “Провокација“ од Скопје. Претставата на еден експлицитен начин, без непотребни цензури, се бави со причините кои најчесто знаат да доведат до распаѓање на бракот. Ситуациите кои ги третираме во претставата ќе ве натераат да погледнете на работите од поинаква перспектива и да ги преиспитате своите ставови околу одредени прашања кои многу често си ги поставувате на себе во дијалогот што го водите...

Continue reading

„Охридски Комуналец“ исчисти уште една дива депонија

Post Views: 2 Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ беа ангажирани во расчистување на дива депонија на ул. „Крали Марко”. Ангажирана беше и специјална механизација во подигнување на енормни количини кабаст отпад, зелен отпад, градежен шут и расфрлан комунален отпад од околното населние.

Continue reading

украински дрон

Дронот што падна во Загреб имал авиобомба

Post Views: 5 Пронајдени се траги од експлозиви и траги кои сугерираат дека дронот што се урна во Загреб не е извидувачки авион, изјави хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ. Тој додаде дека истрагата влегува во завршна фаза.  Во почетокот на истрагата дознавме дека одредени фрагменти содржеле експлозив и дека треба да се пристапи кон повнимателен начин за отстранување на леталото и да се елиминира ризикот од трагичен настан – рече министерот. Баножиќ потврди дека е пронајдена црната кутија и дека се очекува од неа да се извлечат податоци за летот. Ќе го споредиме...

Continue reading

Plostad Krusevska Republika

Што се работи на малиот плоштад кај чинарот?

Post Views: 30 Националната Установа „Завод и Музеј Охрид“ започна со извршување на сондажни археолошки истражувања на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид. Охридскиот завод и музеј започна со извршување на сондажни археолошки истражувања на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид. Целта на истражувањата е да се дефинираат хоризонталната и вертикалната стратиграфија на овој простор и да се одредат понатамошните активности од планираната реконструкција на плоштадот од страна на Општина Охрид, информираат од НУ „Завод и музеј“ од Охрид. Од установата упатуваат апел до...

Continue reading

Пештани е туристичка населба без марина

Post Views: 4 Мештаните од Пештани бараат да се изгради марина или пристаниште на крајбрежјето од нивната населба. „Ние сме туристичка населба на брегот на Охридското Езеро во самиот центар на релацијата Охрид-Св. Наум, а сме оставени без пристаниште“, напоменува Ѓоре Танески, претседател на Месната заедница. Танески додава дека од 3700 пловни објекти регистрирани во Капетанија имаат бројни ситуации кога туристи бараат помош од мештаните, кога им застанале пловните објекти заради дефект или останале без гориво во летниот период, а нема соодветно место каде да им помогнат.  Бараме...

Continue reading

Пиштол пронајден кај охриѓанец

Post Views: 11 На 15.03.2022 во 12.25 часот на улицата „Партизански одреди” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.А.(36) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол марка „Бровинг” калибар 7.65 милиметри и 40 куршуми. За настанот е запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Continue reading

Се преврте автобус со бегалци од Украина

Post Views: 6 Едно лице загина откако автобус со околу 50 украински бегалци се преврте во северна Италија, соопштија италијанските пожарникари. Како што пренесуваат медиумите во несреќата има неколку повредени. Несреќата се случила на автопатот во близина на Форли, град во регионот Емилија-Ромања во североисточна Италија.  Автобусот излетал на страна на тревна падина веднаш зад заштитната ограда на автопатот. Италијанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека возилото тргнало од Украина и се движело на југ кон Пескара, пристанишен град на Јадранот.

Continue reading

Центар за деца со церебрална парализа

Post Views: 6 Охрид добива Дневен центар за децата со церебрална парализа. Градските советници едногласно ја усвоија предлог одлуката за доделување на простор за формирање на ваков центар. Просториите се во поранешната касарна во Охрид. Конечно децата со церебрална парализа ќе добијат катче за социјализација, анимација и дружба, бидејќи во недостиг на ваков центар, тие со години живеат во изолација. Охрид покажа дека има волја, има слух, има желба. Ова е еден многу убав гест кој што општината го прави кон овие деца и семејства и покажува дека Охрид сака да им помогне на овие лица....

Continue reading

Се намалува наталитетот во струшко

Post Views: 7 Се намалува бројот на новороденчиња во струшко. Споредбено со пред десетина години, наталитетот бележи пад од 20-тина проценти. Во 2020 година на струшкото гинеколошко одделение имало 680 породувања, но во 2021-580, односно точно сто новороденчиња помалку. И покрај намалениот наталитет на одделението има зголемен обем на работа, бидејќи поради недостиг на гинеколози во Дебар, 90% од родилките од дебарско се породуваат во Струга, каде има седум специјалисти по гинекологија. Досега годинава имаме 71 раѓање, како што може да се види и ние како во Цела Македонија имаме пад...

Continue reading

Нови воздушни напади на Мариупол

Post Views: 6 Воздушните напади врз Мариупол продолжуваат и понатаму, соопштија градските власти. Хуманитарниот конвој се обидувал да стигне до градот, но поради бомбардирањето морал да се врати назад. Градот е мета на жестоки борби. Вчера беше бомбардирана болница при што загинаа три лица, меѓу нив и едно дете, велат украинските власти. Денеска во телевизиско обраќање претседателот на Украина Володимир Зеленски, рече дека е лажно тврдењето на Русија дека во болницата немало пациенти. Како и секогаш, тие лажат самоуверено – рече тој. Хуманитарните агенции велат дека најитно...

Continue reading

vlada na R.Makedonija

Македонија има резерви на нафтени деривати и жито

Post Views: 16 Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, соопштуваат од Владата. Владата апелира дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите, а потрошувачите да не чекаат во колони на бензинските пумпи и да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини. Дополнително,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top