Охридските јавни претпријатија пред колапс

Post Views: 8 Јавните претпријатија и Локалната самоуправа тонат во финансиски загуби. Тие се соочуваат со тешкотии за исплата на тековни трошоци и за исплата на плати за вработените како резултат на работата на претходните раководства и на превработеност. Енергетската криза, ценовните шокови со енергенсите и новата минимална плата само ќе ја влошат состојбата на претпријатијата. Сашо Донев, претседателот на Советот, упати критика на сметка на Владата затоа што во последниот пакет антикризни мерки нема помош за општините. Сега со минималната плата и со новата цена на електричната...

Continue reading

Контроли врз автобуси за јавен превоз

Post Views: 5 При засилени сообраќајни контроли во сообраќајот, полициските службеници од СВР Охрид извршиле контрола на 12 автобуси кои вршат јавен превоз на патници во нашиот град. Притоа, не констатирале технички и други неисправности. Истовремено, затекнале и санкционирале 6 пешаци кои преминале коловоз на необележан пешачки премин – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Continue reading

ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Post Views: 4 Нови санкции против руските лидери и олигарси. На состанокот биле одобриле санкциите, а договорено е тие официјално да бидат усвоени на самитот на Европската Унија во четврток и петок во Версај. Француското претседателство со Европската Унија објави дека новите мерки се однесуваат на криптовалутите. Од Свифт ќе исклучат три белоруски банки, а последиците ќе ги почувствува и поморскиот сектор.

Continue reading

градежен шут мини депонија

„Ти си твојот град“ лоцира диви депонии

Post Views: 1 Десетици пријави од граѓани за постоење на диви депонии во регионот пристигнаа на повикот на ТВМ телевизија преку рубриката Ти си твојот град за нивно лоцирање.Голем број нестандардни депонии ја загадуваат животната средина, но и го нагрдуваат ликот на општините.Денес нашата екипа повторно регистрира неколку диви депонии во охридско.На патот за Велестово во НП Галичица затекнавме грда слика , расфрлана пластика дотраена покуќника,градежен шут, делови од автомобили и секако вид на отпад.Истата слика од расфрлан отпад ја затекнавме на кружниот тек кон Горица Втора....

Continue reading

Тепачка помеѓу охриѓанки на ул. „Железничка“

Post Views: 1 На 14.03.2022 година околу 09.30 часот пред деловен објект лоциран на булевар „Железничка” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир, при што Е.В.(34) физички ја нападнала И.Н.(31), двете од Охрид. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

zito i brashno

Доволно резерви на нафтени деривати и жито во земјава

Post Views: 13 Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат. Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката. Владата апелира дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите,...

Continue reading

Во Охрид денес сончево време

Post Views: 21 Во Охрид денес по студеното утро, во текот на денот претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време со измерени максимални 10. Во текот на ноќта вторник кон среда умерено облачно и потопло време со пораст на ноќните температури. Во Охрид во среда умерено облачно време со сончеви периоди и потопло време. Минималната температура од 1 степен, додека пак дневната ќе достигне до 12 степени. Во четврток и петок умерено облачно време со услови за сосема слаб и локален дожд. Минималната температура од 1 односно -2 степени, додека пак дневната до 10 односно...

Continue reading

Предлог одлука за Белчишко блато

Post Views: 22 Се донесе предлог одлука, Студенчишко блато да се прогласи за Парк на природата. Оваа одлука, Советот на Општина Дебрца ја носи врз основа на Студијата за валоризација на Белчишкото Блато, со што и официјално се иницира постапката за добивање на заштитен статус, согласно националното законодавство. Одлуката и Студијата ќе бидат доставени до Министерството за животна средина и просторно планирање.

Continue reading

Продолжува падот на бројките на новозаразени со Ковид-19 во земјава

Post Views: 12 Тестирани се вкупно 15.264 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 12,% во однос на минатата недела, информираат од Институтот за Јавно Здравје на Македонија. Регистрирани сe 1.818 нови позитивни случаи од 30 градови во државата, со намалување од 27,4% во однос на минатата недела (n=2.504). Процентот на позитивност се движи од 7,8% до 13,8%, просечно 11,6%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=983; 54,1%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во...

Continue reading

Комодита донираше душеци и перници

Post Views: 50 Comodita Home, најголемиот малопродажен ланец за производи за домот, во рамки на својата хуманитарна кампања „Секој сон е важен“ на 02.03.2022 година, во 11 часот, донираше 160 душеци и 160 перници кои ќе се користат во Ковид Центрите низ Македонија. Донацијата беше предадена пред ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија Скопје од страна на претставникот на Comodita Home, г-дин Харитон Гаџоски, а ја прими д-р Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија и координатор на ковид центрите. На средбата, пред присутните новинари се обрати г-дин...

Continue reading

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со полни раце работа

Post Views: 7 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со вонредни активности за одржување на јавната чистота во Охрид и околината. Се изврши ггенерално чистење на улиците „Железничка“ и „15-ти корпус“. Темелно се расчистуваа тротоарите, просторот околу тротоарите, граничниците од коловозите и делот помеѓу двете сообраќајни ленти. Отстранети се наносите од песок и земја, ниската вегетација и подигнат е расфрланиот отпад – информираа од ЈП „Охридски Комуналец“. Расчистена е и уште една мапирана дива депонија во близина на село Велгошти. Подигнати се големи количини тешко разградлив...

Continue reading

Албанија го укина полицискиот час

Post Views: 1 Албанскиот технички комитет на експерти за справување со пандемијата, денеска одлучи да се укине полицискиот час, воведен во средината на ноември 2020 година, кој траеше од 23 до 6 часот. По направената процена на епидемиолошката состојба во земјата сè уште останува во сила мерката за носење заштитна маска во затворени простории и на места каде што не може да се одржи растојание. Во земјава има постојано подобрување. Се укинува полицискиот час, останува мерката заразените да останат изолирани пет дена, носењето заштитна маска во затворени простории и каде што не може...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top