Се забранува извоз на житни култури, брашно и зејтин

Post Views: 1 Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека од денеска е забранет извозот на пченица, јачмен, пченка, пченично брашно, семе од сончоглед и сончогледови масла. Одлуката за забрана ја донесе Владата и ќе трае во наредните десет дена, а нејзината цел, како што напомена Бектеши, е да се избегнат шпекулативни дејства на трговците и производителите, заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните. Одлуката се носи превентивно за да не настанат поголеми нарушувања на пазарот. Целта на мерката е заштита на домашниот пазар и на граѓаните. Во услови...

Continue reading

Инстаграм почна со тестирање за претплата на профили

Post Views: 3 Инстаграм почнува да тестира нова опција која на најпопуларните корисници, односно креаторите на оваа мрежа треба да им обезбеди дополнителна заработка. Мал број инфлуенсери сега ќе почнат да воведуваат претплата за пристап до дополнителна содржина што ја објавуваат на таа мрежа. Нивните следбеници кои сакаат да имаат пристап до оваа содржина ќе треба да платат помеѓу 0,99 и 9,99 долари (во зависност од тоа која сума ќе ја изберат сопствениците на профилот), а на почетокот целата сума ќе оди во џебот на инфлуенсерот, иако не е тешко да се претпостави дека „Мета“ со текот...

Continue reading

Од понеделник поевтинување на горивата?!

Post Views: 1 Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека од понеделник цените на нафтените деривати ќе се намалат. Може да биде малку поскапо од Србија, од другите не верувам дека е поскап и дизелот. Денеска во Собрание најверојатно би требало да се усвои законот за ДДВ и законот за акцизи, а имајќи ги предвид и вчерашните цени на берзата и цената пред два дена, очекувам согласно анализите од утре, а многу е важно да се наведе дека веќе од понеделник ќе имаме не поевтини цени од регионот, но значително поевтини цени – истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања. Во...

Continue reading

minimalna_plata

Минималната плата ќе се зголеми на 18 илјади денари

Post Views: 1 Минималната плата ќе се зголеми минимум на 18 илјади денари во вториот квартал на 2022 година. Ова денес го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Бирото за метрологија. Инаку претходно, Сојузот на синдикати на Македонија соопшти дека на 24-ти јануари ќе одржи средба со Владата и на неа ќе се разговара за барањата на Синдикатот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати, утврдување на правото на регрес во јавниот сектор и за примената на законските одредби...

Continue reading

Се чистат шахтите на ул. „Богомилска“

Post Views: 4 Екипа од одделението за фекално и атмосферско одржување во рамките на своите активности врши проверка и чистење на шахтите на ул. „Богомилска“. Апелираме до граѓаните да внимаваат на начинот и видот на отпадот кој го депонираат. Посебно апелираме да не се фрлаат влажни марамчиња и други женски хигиенски производи од кои во најголем број на случаи се појавуваат дефекти – велат од ЈП „Нискоградба“.

Continue reading

Во Струга Чесниот крст го фати Никола Кутаноски

Post Views: 10 Никола Кутаноски, триесет и пет годишен тренер по пливање и триатлон од Радожда, кој петнаесет години живее во Струга, синоќа сонувал дека шета со светиот крст и дел од собраните средства ги донира за изградба на црквата кај Женска плажа. Токму тоа била и причината што по 10- ти пат скокнал по крстот во студениот Дрим. Скокам десетти пат по крстот. Секоја година од исто место и иста страна. Прв пат го фаќам. Чуството е неописливо. Ноќеска сонував дека годинава ќе шетам со крстот и дел од собраните пари ги донирам за изградба на црквата кај Женска плажа во Струга. Со...

Continue reading

Објавен календар за подигнување на отпад

Post Views: 5 За надминување на проблемите кои граѓаните на општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад, ЈП „Охридски Комуналец” изготви годишен календар на акциите за подигање ваков вид отпад, опфаќајќи ја секоја урбана заедница во градот. Се надеваме дека граѓаните ќе ги препознаат нашите заложби за чиста и здрава средина која не опкружува, без отпад одложен покрај садовите за одложување на комунален отпад и ќе се придржуваат до горе дефинираната динамика на акциите – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Continue reading

Уште една акција на нуркачите од „Акватек” за чистење на Охридското Езеро

Post Views: 2 Нуркачи од Нуркачкиот центар „Акватек” од Охрид спроведоа уште една активност за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад. Со порака „Стоп за пластика. Чиста околина” тие чистеа на дното на езерото на потегот кај Стариот дел на Охрид, отстранувајќи пластика од амбалажа за една употреба. Ќе го исчистиме езерово само под услов да престанеме да користиме пластика за еднократна употреба. Се друго е вртење во круг, а повеќе време немаме за вртење крукчиња другари и другарки – велат од „Акватек”. Изминатата година нуркачкиот клуб „Акватек”...

Continue reading

Се подигна кабаст отпад од реката Грашница

Post Views: 10 Овој пат покуќнина заврши во водите на реката Грашница по нејзиното течение по ул. „Ариф Мустафа”. Со ангажирање на специјална механизација кабастиот отпад е подигнат од речното корито. Се интервенираше и кај мостот на реката Сушица, на пресекот со ул. „15-ти Корпус”, каде се подигнати големи количини тешко разградлив отпад и разновиден шут.

Continue reading

Струмичанка силувана од неколку мажи

Post Views: 2 Грозоморен случај на сексуално насилство е забележан во струмичко. Жена пријавила во полиција дека нејзината сестра била силувана од повеќе лица. На 14.01.2022 околу 13.00 часот 47-годишна жена од струмичко пријавила дека врз нејзината 44-годишна сестра била извршена обљуба од Б.Н. од струмичко село, со кого таа невенчано живеела и од уште неколку лица, информира МВР. Се работи на расчистување на случајот.

Continue reading

Проф. д-р Анис Сефиданис во посета на Градската Библиотека

Post Views: 4 Во секојдневните напори за збогатување на книжниот фонд и посебно на одделот за стручна литература деновиве во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ беше проф. д-р Анис Сефиданис од  Факултетот за применети информатички науки, машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Проф. д-р Сефиданис за Библиотеката подари триесет примероци од неговите трудови: „Препознавање облици“ во која покрај него автори се и м-р Зорица Каевиќ и м-р Билјана Раичевиќ Велковска, „Медицинско – стоматолошка информатика“...

Continue reading

Онтарио

Шест лица застрелани за време на концерт во Америка

Post Views: 4 Шест лица се префрлени во болница откако биле застрелани на концерт во Орегон, во петокот вечерта, соопшти полицијата. Шефот на полицијата Крис Скинер рано утрото им изјави на новинарите дека една жртва е во критична состојба, во како што ја нарече, една од најтешките престрелки што се случија во градот Јуџин. Лицето е однесено на операција, рече тој. Скинер не кажал во каква состојба се другите застрелани лица. Пукањето се случило на паркингот пред концертната сала, каде настапувале Лил Бин, Заи Бенг и други бендови и изведувачи, соопшти полицијата.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top