сообраќајна несреќа

Се преврте автобус со бегалци од Украина

Автобус со околу 50 украински бегалци се преврте на главниот автопат во северна Италија. Во несреќата загина едно лице.
 |  инфодеск  | 

Едно лице загина откако автобус со околу 50 украински бегалци се преврте во северна Италија, соопштија италијанските пожарникари.

Како што пренесуваат медиумите во несреќата има неколку повредени.

Несреќата се случила на автопатот во близина на Форли, град во регионот Емилија-Ромања во североисточна Италија.  Автобусот излетал на страна на тревна падина веднаш зад заштитната ограда на автопатот.

Италијанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека возилото тргнало од Украина и се движело на југ кон Пескара, пристанишен град на Јадранот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top