ЈП „Охридски Комуналец“ во „битка“ со дивите депонии

Екипите на ЈП „Комуналец“ секојдневно водат битка со справувањето со дивите депонии во охридскиот регион.

 |   | 

Екипите на ЈП „Комуналец“ секојдневно водат битка со справувањето со дивите депонии во охридскиот регион.

Изминативе неколку месеци отстранети се околу 170 нестандардни депонии во Охрид и охридските села, а подигнати се околу 600 м3 отпад. Во вчерашната акција од водите на реката Грашница беше изваден мебел и покуќнина. Загрижува тоа што на веќе исчистените црни еколошки точки несовесните граѓани повторно трупаат отпад.

Зачестена е таквата појава, денес чистиме другиот ден повторно се прави депонија на истите критични точки кои се мапирани. Во соработка со општинскиот комунален инспекторат, веќе се на терен да ги утврдат аномалиите а целта е решавање да не дојде до повторување. Најчесто се подигнува кабаст отпад и градежен шут, во таа насока со цел решавање на тој проблем од страна на стручните служби е изготвен годишен календар за кревање на кабаст и зелен отпад – вели Сашо Најдески, директор на ЈП „Охридски Комуналец“.

Комуналец ќе воспостави соработка со сите НВО и Здруженија во регионот за заштита на животната средина, ќе се работи на едукација и подигнување на еколошката свест на населението.

Охрид заслужува да биде чист, Охрид е бисер на Балканот. Во таа насока се и моите заложби да ги исчистиме дивите депонии, но секако треба да се работи на подигнување на еко-свеста на граѓаните. Во соработка со еко здруженијата и невладините организации што се во Охрид, во постапка е израбтка на Меморандум за соработка – додава Најдески.

Од Комуналец апелираат граѓаните да го почитуваат календарот за подигнување на кабаст и зелен отпад во градот и да не создаваат диви депонии. 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top