Ознака: цените

Мерцедес во Кина казнет со 56 милиони долари

Post Views: 4 Регулаторот на пазарното натпреварување на кинеската провинција Jiangsu која се граничи со Шангај, објави дека го казнува Мерцедес поради противпазарно однесување.Казната од 56 милиони долари која германскиот производител мора да ја плати досега не е забележана на кинескиот автомобилски пазар. Мерцедес манипулирал со цените на своите E и Ѕ модели на начин што ги фиксирал цените не допуштајќи им на локалните дилери да продаваат поевтино.Освен тоа, се манипулирало и со цените на резервните делови, се наведува во соопштението на кинескиот регулатор.Кинеската филијала на...

Continue reading

Помали охридски продавници ја прекршиле одлуката за замрзнување на цените

Post Views: 0 Охридските пазарни инспектори редовно ги контролираат трговските и угостителските објекти за примена на законите, каде што имаат надлежности. На терен откриле дека четири продавници ја прекршиле примената на одлуката за највисоки цени според законот за трговија. Кај нив е откриена продажба на прехранбени намирници по повисоки цени во изминативе 10-тина дена и покрај владината одлука за замрзнување на цените на повеќе основни прехранбени артикли, информира Цветко Ристески, раководител на ПЕ Државен пазарен инспекторат Охрид. Констатиравме неправилности во евиденција...

Continue reading

Објавени цените на Apple Watch

Post Views: 4 На штотуку завршената конференција за новинари, Apple конечно ги објави цените на паметниот часовник кои се движат од 349 долари за женската, односно помалата верзија па сѐ до 10.000 долари за златната 24 каратна верзија. За оние кои се одлучиле да го купат Apple Watch нема премногу изненадувања, па така најевтината женска верзија т.н. Apple Sport ќе чини 349 долари, додека за мажите, односно 42мм верзија ќе чини 399 долари. Додатно можат да се купат ремчиња чии цени ќе можат да се најдат наскоро на официјалната страница. Од друга страна постои и “обична” Apple Watch...

Continue reading

Зголемени цените на угостителските услуги

Post Views: 1 Индексот на цените на угостителските услуги во декември, во споредба со ноември 2021, е зголемен за 0,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемување е забележано во групата Храна за 0,4 проценти, Алкохолни пијалоци за 0,6, Безалкохолни пијалоци за 0,6 и Ноќевања за 0,6 отсто, велат од статистика. Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2021 година, во однос на истиот месец претходната година е зголемен за 1,7 отсто. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-декември 2021 година, во однос на истиот период...

Continue reading

Десет големи банки под истрага

Post Views: 2 Американското министерство за правда и Комисијата за трговија со стоки (CFTC) истражуаат најмалку 10 големи банки поради можноста тие да ги местеле цените на племенитите метали, објавил Wall Street Journal повикувајќи се на луѓе блиски до истрагата. Обвинителот на американското министерство за правда го проверува процесот на одредување на цената за златото, среброто, платината и паладиумот во Лондон, додека CFTC покренало своја истрага, објавил весникот. Како што се наведува во весникот, под истрага се најдоа HSBC, Bank of Nova Scotia, Barclays, Credit Suisse Group,...

Continue reading

Запира продажбата на автомобили во Русија

Post Views: 1 Џенерал Моторс (GM), кој во Русија има свои производствени погони, одлучил привремено да не прима уплати на купувачите, за да го намали ризикот на работењето и загубите. Во оваа компанија велат дека возилата од марките Шевролет, Опел и Кадилак кои се порано платени ќе бидат испорачани по договорената цена. GM сеуште не знаат кога ќе продолжат со продажба. Во исто време, Ауди исто така ја стопира продажбата на автомобили, додека производството во локалната фабрика во градот Калуга ќе биде прекинато во периодот од 22 декември до 12 јануари за време на новогодишните и божиќните...

Continue reading

Августовска инфлација од 3,8 отсто

Post Views: 3 Цените на мало во август годинава, во споредба со истиот месец лани, бележат раст од 3,8 отсто, а трошоците за живот бележат раст од 3,6 отсто, објави државната статистика. Во август, во однос на јули годинава, цените на мало останале непроменети, а трошоците на животот се намалени за 0,1 процент. Намалувањето на трошоците на животот од 0,1 процент е резултат на пониските индекси на овошјето за 14,6 отсто, зеленчукот за 3,3 отсто и свежото и киселото млеко за 0,2 отсто. Во август годинава намалување на трошоците на живот е забележано и кај ПТТ услугите за 3,7 отсто,...

Continue reading

ajvar

Изгор цени за традиционалната зимница

Post Views: 1 Скапо-ефтино мора да поминеме некако. Уплашено окото и на пазарџиите и на потрошувачите. За тоа допринесоа високите цени на охридскиот пазар кои деновиве се повисоки дури и за 50 проценти. Наглиот пораст на цените на сезонските продукти видно ги оддалечија потрошувачите од пазарџиските тезги кои нудат пред се домашен квалитет. Струмичката пиперка ајварка присутна на тезгите, но интересот на потрошувачите слаб. Пазарџиите се тешат дека сеуште е рано за зимница.Потрошувачите годинава ќе се откажат од повеќе деликатеси за традиционалната зимница. Тие велат дека цените...

Continue reading

Од 30 јуни паѓаат цените на роамингот и интернетот

Post Views: 0 Поевтин роаминг и интернет за туристите од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија. Тоа започнува од 30 јуни а намалените цени на роаминг услугите со овие три држави следуваат после потпишаната спогодба во Будва, како што истакна министерот за Информатичко општество Иво Ивановски. „Тоа особено ќе значи многу за Р. Македонија, особено за Охрид каде што се наоѓаме, бидејќи туристите кои што ќе доаѓаат од земјите што се дел од спогодбата ќе плаќаат поевтин роаминг, а ќе може да користат и интернет. Се разбира ќе може да праќаат и СМС пораки и телекомуникациски...

Continue reading

benzin

Од полноќ бензините поевтини за 3,5 денари, а дизелот за 4

Post Views: 10 Откако минатата недела цената на нафтените деривати достигна рекордно високо ниво, Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница одлучи да ги намали цените. Малопродажната цена на горивата ќе се намали од ноќеска на полноќ – бензините поевтинуваат за 3,5 денари, а дизелот 4 денари. Литар Евросупер БС-95 ќе чини 77 денари, а Евросупер БС-98 ќе се продава за 78,50 денари. Евродизелот, откако поевтини четири денари, сега ќе се продава за 65,50 денари/литар. Екстра лесното масло за домаќинство доби нова цена од 54 денари за литар. Мазутот стана поевтин...

Continue reading

pills

Лековите нема да поевтинат

Post Views: 1 Фармацевтите не попуштаат пред барањата на Фондот за здравствено осигурување да ги намалат цените на одредени лекови од позитивната листа. Откако се консултирале со нивните матични фирми во странство и направиле детални анализи, 14 фармацевтски комапнии доставиле писмени забелешки до Фондот и чекаат да бидат повикани на разговор. Велат, барањата на ФЗОМ се неразумни, а обвинувањата дека некои од лековите се неколкукратно поскапи од земјите во регионот се неосновани. Фондот минатиот месец најави поевтинување на 115 лекови, што веднаш наиде на силни реакции кај производителите...

Continue reading

benzini

Бензините поевтини за еден денар, дизелот поскап за 1,5 денари

Post Views: 5 Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ поевтинува за еден денар, додека на дизелот и екстралесното се зголемува за 1,5 денар, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика посветена на корекција на цените на нафтените деривати. Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 73,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 изнесува 75,00 денари за литар. Еуродизелот од ноќеска ќе се продава по 66,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 57,50 денари за литар. Истовремено поскапува и мазутот за 1,279 денари по килограм,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top