Ознака: цените

crkva

Во Охрид поскапе само венчавката

Post Views: 6 Од петстотини до илјада денари поскапеле цените за верските обреди, како крштевка, венчавка и погреб, што ги извршуваат свештениците на Македонската Православна Црква-Охридска архиепископја.  Оваа одлука владиците ја донеле на седница на Синодот која се одржала во почетокот на февруари. Дебарско кичевкиот митрополит  г. Тимотеј за ТВМ изјави дека во епархијата со  која  раководи зголемена е цената само на венчавките.  Засега другите обреди ќе се извршуваат по старата цена, вели владиката. Цената за венчавка од 4 500 зголемена е на 5000 денари, додека пак за крштевка...

Continue reading

НУК: Охрид не е скап, цените во главниот туристички центар треба да растат

Post Views: 1 Охрид како туристички центар воопшто не е скап. Наспроти тврдењата и поплаките на граѓаните по социјалните медиуми,  Независната угостителска комора, смета дека цените на хотелските и угостителските услуги на брегот на Охридското езеро  се на нивото на услугата. Градот поседува уникатни културни и природни вредности и не смее да се споредува со приморските туристички места кои имаат многу поголеми капацитети  и можност да нудат поевтини туристички аранжмани. Според НУК цените во Охрид треба да растат. „Сметам дека цените во Охрид би требало со тек на време да растат,...

Continue reading

trpeza

Охриѓани, веста за христовото раѓање ќе ја дочекаат со скромна трпеза

Post Views: 8 Градскиот пазар полн со граѓани кои шетаат од тезга до тезга и ги споредуваат цените на костените, бонбоните, овошјето и зеленчукот, обидувајќи се да дојдат поевтино до намирници за прослава на Бадник и Божиќ. Како и секогаш, цените на производите пред секој голем празник одат нагоре, па така килограм костени кои се традиционален декор за овие празници ќе ве чини  стотина денари, а за да ги наполните  чиниите за овошје со килограм мандарини ќе ви требаат 50тина денари, портокалите се поефтини и ќе ги добиете 3 килограми за 100 денари. Еве што охриѓани ќе имаат на своите...

Continue reading

avtobuska

Падот на цената на нафтата нема да ги намали цените на охридските превозници

Post Views: 9 Најголемиот охридски автопревозник АД „Галеб“, после драстичниот пад на цента на нафтата на светските берзи, нема да ги корегира цените. Раководителот на сообраќај од ова претпријатие Димитар Василески нагласува дека охриѓани години наназад нивните услуги ги користат по најповолни цени, посебно за меѓуопштинскиот превоз. „Ние своевремено ги намаливме цените во  времето кога нафтата направи најголем ценовен скок и тие се симболични и во градскиот и во градско приграскиот сообраќај а цените во меѓуопштинскито сообраќај не се поскапени преку 6 години, така да цените се...

Continue reading

popusti

Охриѓани чекаат попусти за да купуваат

Post Views: 10 Празничната потрошувачка еуфорија тешко ги зафаќа и продавачите и купувачите. Најголем дел од излозите на бутиците и продавниците  се или скромно или воопшто не се украсени во новогодишен дух. Многу е мал бројот на трговци кои со налепници на излозите маркирале новогодишни попусти од „-20 %“ „-30 %“, „-50 %“. Дел од граѓаните сметаат дека цените се превисоки и дека газдите на дуќаните не го користат периодот на празнична потрошувачка треска со намаленија да ги привлечат потрошувачите. „Да ги чекаме само ќе видиме во стварност колку е попуштено. Во некои продавници има...

Continue reading

Каде во ЕУ е најефтино да се купи стан?

Post Views: 5 Цените на недвижнините, во вториот квартал оваа година во рамките на Европската унија, најмногу опаднале, на годишно ниво, во Словенија 9,8%. Следуваат Италија со 4,8% и Романија со 3,8%, покажуваат податоците на Еуростат. Истовремено, најголем пораст на цените на недвижнините е забележан во Естонија од 14,35%, Ирска 12,5% и Велика Британија 10,2%, пренесуваат словенечките медиуми. Спрема податоците на европската статистичка агенција, цените на станбените единици во еврозоната во вториот квартал останале на исто ниво како истиот период лани, но во ЕУ пораснале за 1,7%. На...

Continue reading

popust

Новогодишни попусти-што е тоа?!

Post Views: 0 Во пресрет на новогодишните празници повеќето трговци ги спуштија цените и за 50 проценти, но само за да ги расчистат резервите на старите колекции облека. Вистински попусти, какви што има по светските метрополи, каде што по половина цена може да се купи облека од познати марки произведена пред неколку месеци, за нашите продавници е непозната категорија. Многумина, пак, токму во Нова година гледаат можност нешто да заработат, така што воопшто не размислуваат да ги намалат цените пред празниците. Секој дуќан воведува различни попусти на облеката што ја продава од 10 проценти,...

Continue reading

med

Сомнителен мед во големите маркети, предупредуваат пчеларите

Post Views: 1 Продукцијата не ги задоволува ни домашните потреби. Не се знае колку професионални пчелари има, ниту колку се занимаваат со оваа дејност од хоби. Ветеринарната управа најавува евидентирање идната година, ако се обезбедат потребните финансии. Изминатиот период, по неколку инспекциски контроли, Управата повлекла големи количини мед од поголемите маркети во земјава и им изрекла парични казни на одговорните фирми. Утврдени биле малверзации со квалитетот.На манипулации се жалат и производителите. Според нив, се дозволува увоз на мед чие потекло не е декларирано, а цените...

Continue reading

ugostiteli

Македоснките угостители бараат помал ДДВ

Post Views: 2 Намалување на ДДВ за храна во рестораните, субвенции, наменско трошење на туристичката такса, ова се дел од барањата на Здружението за угостителство и туризам, пренесува 24 Вести. Од Здружението укажуваат дека поради високите трошоци, угостителите работат со намален профит. Од Здружението велат дека и покрај порастот на цените на енергенсите, угостителите нема да ги зголемат цените на услугите, иако работат со намален профит.Во меѓувреме, угостителите со Македонската музичка индустрија ја договорија месечната тарифа што треба да ја плаќаат хотелите и рестораните за пуштање...

Continue reading

параглајдер

Параглајдеристите бараат изземање од ценовникот на НП Галичица

Post Views: 10 Лавина реакции предизвикаа цените кои НП Галичица ќе ги наплаќа од 1 јуни. Љубителите на природата испраќаат остри критики на адреса на паркот. Има најразлични коментари од кои заедничка констатaција е  дека  високите цени го загрозуваат рекреативниот туризам.  Засегнати од ценовникот се најдоа и параглајдеристите. „ Параглајдеристите од каде што ќе летаат ќе плаќаат 300 денари за 30 минути , а  цена за дневно полетување е 1000 денари. Со овие цени ќе почне наплатата“, ги најави новините  Огнен Достиноски од НП Галичица. Мендо Велјаноски, македонски светски првак во...

Continue reading

sednica

Денешниот дневен ред на седницата на градскиот совет остана покус за една точка

Post Views: 0 Одложена една од најинтересните точки од дневниот ред на дваесет и втората седница на градскиот совет. „Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори“, беше тргната на барање на секретарот на општината Димитар Спасески. Причина, изготвувачите на физибилити студијата кои требало да пристигнат од Скопје не стигнале поради дефект на возилото. За опозицијата ова образложение...

Continue reading

чаршија

Тешко се наоѓаат квалитетни туристички водичи

Post Views: 0 Туристичките агенции тешко доаѓаат до квалитетни водичи. Во нашата долгогодишна пракса ова се потврдува во последните години напоменува туристичкиот работник Елида Битрак од ТА „Елида турс“. Туристичкиот водич е првиот конаткт кој еден посетител го воспоставува со една земја. Затоа тој треба да биде добар презентер на еден град и земја, со познавање на повеќе странски јазици, историја и културно- историските споменици, а треба да биде и добар аниматор за секој посетител, вели Битрак. „ Можам да кажам декае мал бројот на туристички водичи кои достојно со познавање на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top