Ознака: цените

Струга Дрим

Пораснаа цените на становите во струшко

Post Views: 5 Пораснаа цените на становите во Струга. Еден метар квадратен се движи од 700 до рекордни 1300 евра на поатрактивните локации на брегот на Охридското езеро и кејот на реката Црн Дрим. Најевтините станови, кои денес може да се најдат во постари станбени објекти, се движат од 500 до 700 евра зависно од локацијата. Во последните две години во пандемијата цените на недвижностите во струшко бележат 20% зголемување. Последните две години имаме еден раст на цените до 20 % на становите во Струга. Тоа не е само по желба на градежната индустрија и изведувачите. Тука влијаат повеќе...

Continue reading

Цените на горивата нема да поевтинат

Post Views: 2 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска донесе одлука цената на горивата да не се промени. Малопродажните цени на нафтените деривати не се променуваат, односно остануваат на исто ниво како што се утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги од 12.03.2022 година, велат од РКЕ. Ова се актуелните цени на горивата кои продолжуваат да важат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98...

Continue reading

Казни до десет илјади евра за трговците кои не ја почитуваат одлуката на Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени производи

Post Views: 7 Државниот пазарен инспекторат на терен. Испекторите проверуваат дали во трговците на  маркетите ја почитуваат одлуката на Владата за замрзнување на цените на лебот, шеќерот, брашното тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата. Имено, овие производи треба да ги имаат цените од 1 декември, кои не смеат да бидат променети до крајот на јануари следната година. Од Инспекторатот велат дека се проверуваат сите маркети низ државата, а казните за непочитување на одлуката се високи и достигнуваат и до 10.000 евра. Државниот...

Continue reading

Пораст на цените во хотелско-угостителскиот сектор

Post Views: 1 Ќе растат цените на хотелските и угостителските услуги. Со трендот на пораст на цените на сите производи и зголемените трошоци, хотелската асоцијација најавува пораст на цените на хотелските аранжмани и храната и пијалоците во локалите за 20-тина %. Туристичките работници велат цените со години биле непроменети, но притисокот од порастот на трошоците е неизбежен. Зголемена е и цената на аранжманите во новите потпишани договори со странските тур оператори за идната година. Цените кои ги даваме во хотелската индустрија со оглед на репроматеријалите кои ги добиваме како...

Continue reading

Задоцнето е замрзнувањето на цените

Post Views: 8 Во трговијата на големо и мало се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи со одлука на Владата. Нема да се менуваат цените на лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесните производи, сирењето и урдата во текот на два месеци почнувајќи од први декември до крајот на јануари. Ги прашавме охриѓани како  оваа одлука ќе се одрази на семејниот буџет и дали може порелаксирано да ги дочекаат престојните празници. Охриѓани не се многу воодушевени од владината одлука...

Continue reading

Навивачите во Англија бесни, Вест Хeм прв попушти

Post Views: 5 Вест Хем го направи првиот чекор за помирување со лутите англиски фудбалски навивачи. Клубовите се сѐ побогати, а цените на билетите поскапи. Затоа мнозинството навивачи се огорчени и разочарани во модерниот англиски фудбал. Причината е големиот прилив на пари од ТВ правата. Sky и BT Sport палатиле преку 5 милијарди фунти за три сезони што на клубовите ќе им донесе неверојатно големи суми на пари. Во источен Лондон, клубот на работничката класа одлучи да го направи единственото логично, а тоа е дека во сезоната 2016/2017 годишните влезници ќе бидат поевтини. Најевтиниот...

Continue reading

Новиот дрес на Жерард почнува со заработка во САД

Post Views: 3 Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Жерард, на лето го напушта Енфилд и оди во САД. ЛА Галакси ќе биде новиот клуб на Жерард, во кој ќе заработува многу повеќе отколку во Ливерпул последните години. Американците пак не се сомневаат дека многу брзо ќе го исплатат вложеното во иконата на црвените. Жерард во Галакси, како и во Ливерпул, ќе го носи бројот осум, а бидејќи во јули пристигнува во Лос Анѓелес, дресовите брзо ќе се најдат во продажба со неговото име. Познати се и цените така што дресот со кратки ракави чини 175 долари, а оној со долги чини 205 долари. {loadposition...

Continue reading

ДЗС: Цените во угостителството непроменети

Post Views: 5 Индексот на цените на угостителските услуги во мај оваа година споредено со претходниот месец остана на исто ниво, говорат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Ако се направи споредба на индексите на цените во мај оваа година со истиот месец лани, годинава е зголемен за 1%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- мај 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.6%, додека во однос на декември 2016 година е зголемен за 0.3%.

Continue reading

Како Хрватите живеат по влезот во ЕУ?

Post Views: 3 Откако живеат во ЕУ, дел од производите на Хрватите секако им се поефтини, меѓутоа на цената на живеењето влијаеле и разни други околности, не само членството во ЕУ. Во стан од 60 квадратни метри, во однос на минатата година, се живее поскапо, и тоа во просек за 25 куни. Многумина ќе речат дека тоа не е многу, но вкупната цена на живеењето во последните четири години, малку по малку, пораснало за 20%. Цените на режиските сметки се поголеми а последното зголемување било оваа седмица на сметките за вода. Но од друга страна пак поефтиниле некои прехранбени продукти. Проблемот...

Continue reading

Грчки острови на тотална распродажба

Post Views: 6 Цените на недвижностите на грчките острови осетно опаднале во последните неколку години, овозможувајќи на тој начин значајни инвестициони можности, пишува грчкиот дневен весник Катимерини. Просечна цена на куќа на популарните острови е намалена за 33% во однос на 2008 година, додека цените на големите имоти и луксузни палати паднале дури за 40 до 50%, велат агентите за продажба на недвижнини во Грција. Претседателот на грчката федерација на агенти за недвижности, Јанис Ревитис, рекол дека просечните цени за квадратен метар на следните острови чинат: Миконос 3000 евра...

Continue reading

ME: Донесена Одлука за замрзнување на цените на лимон, портокал, мандарини, грејпфрут и клементина

Post Views: 2 На предлог на Министерството за економија, Владата на Северна Македонија на денешната седница донесе Одлука за замрзнување на цените на лимон, портокал, мандарина и грејпфрут и клементини. Според Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки се определува највисока трговска маржа на овие производи за трговски друштва и трговец поединец која се применувала во периодот од 1 јануари 2020 година до 11 март 2020 година кога од страна на Светската здравствена организација (СЗО) беше прогласена пандемија на Коронавирусот COVID- 19. Според Одлуката оваа маржа ќе важи...

Continue reading

nafta

Пад на светската цена на нафтата

Post Views: 12 Цените на нафтата се намалија бидејќи инвеститорите се фокусирале на позитивните податоци за економскиот раст на САД. Еден барел американска „лесна“ нафта за терминска испорака во февруари на Трговската берза во Њујорк поевтини за 10 центи на 99,22 долари за барел, додека иста количина од северноморската нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон чинела 111,67 долари, што е намалување од десет центи. „Минатонеделните податоци за силниот раст на бруто домашниот производ на САД влијаеја на падот на цените на нафтата“, рекол Џезмонд Чуа, пазарен аналитичар. Американското...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top