Ознака: цените

Неверојатно ефтини летови

Post Views: 0 Авио компанијата Norwegian конечно ги започна ефтините прекуокеански линии, поврзувајќи го London со USA. Еве што морате да знаете. Norwegian во октомври најави воведување на ефтини летови кои ќе ги поврзува UK со USA. Конечно таа најва се отствари. Првиот авион полета на 3 јули. Спрема соопштението за медиумите кое е пуштено во јавноста, сите 291 седиште на 787 Dreamliner биле пополнети на сите инаугурациски летови од Gatwick до американските дестинации NewYork, FortLauderdale и LosAngeles. Летовите помеќу London и LosAngeles ќе се одвиваат два пати неделно со почетна...

Continue reading

badnikovo grance

Поскромно или побогато, охриѓани се подготвуваат за Божиќните празници

Post Views: 1  Градскиот пазар е раздвижен со граѓани кои шетаат од тезга до тезга и ги споредуваат цените на  костените, бонбоните, овошјето и зеленчукот, во обид да купат поевтино намирници за прослава на Бадник и Божиќ. Купувачите забележуваат дека цените на производите по некое непишано правило во очи на празник растат. Па така, килограм костени чини околу 120 денари,  мандарините чинат околу шеесетина, портокалите 3 килограми за 100, краставиците од 100 до 120 денари. Ги запрашавме граѓаните дали ќе потрошат нешто повеќе во очи Божиќ. „Ако имаш, ќе потрошиш, фала на Бога ќе потрошиме...

Continue reading

parking

Oхриѓани за скоро ќе плаќаат паркинг преку СМС порака

Post Views: 5   Современ систем за електронска наплата на паркинг простор, најави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Со воведувањето на овој систем, односно наплата за паркинг место преку СМС порака ќе се олесни начинот на плаќање на корисниците на оваа услуга. „Мислам дека во текот на денешниот или утрешниот ден ќе биде објавен оглас за изготвување на физибилити студија, за воведување на систем за одржување на паркинзите и систем за електронска наплата со помош на СМС пораки и тоа сметам дека за 2-3 месеци, зависно колку ќе трае законската постапка, ќе биде реализирано“....

Continue reading

dimitar spaseski

Измени на цените на услугите на јавните претпријатија

Post Views: 0 Охридските советници иако ќе треба да почекаат на новите лаптоп компјутери до наредната седница, сепак и без нив единаесеттото издание на седницата на советот, помина во вжештена атмосфера. Дневниот ред од 85 точки беше за десет точки намален на барање на секретарот на Општината Димитар Спасески, a бурна дискусија се разви уште на самиот старт од седницата по првата точка која се однесуваше на давање согласност на Одлуката за утврдување висина на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски Гробишта“ Охрид. Вршителот на должност директор на ЈП Градски Гробишта, Зоран...

Continue reading

Sovet na gradski tatkovci

Градските татковци ќе го подобруваат имиџот на Охрид

Post Views: 0 19 те членови на Локалниот економски совет денеска дискутираа за изнаоѓање можности за корекција на цените во угостителските објекти, со што би се подобрил имиџот на Охрид како туристичка дестинација, потоа за подготовките за изработката на физибилити студија за изградба на скијачки центар на планината Галичица, излагање на членовите на советот за нивните визии околу економскиот развој на Охрид, поголема промоција на Охридскиот пливачки маратон и разгледување на иницијативата за возобновување на Светиклиментовиот универзитет. Првиот човек на Охрид градоначалникот Никола...

Continue reading

пазар

Градски пазар не ја чувствува конкуренцијата

Post Views: 6 Големиот број зелени пазари, како и ново oтворениот зелен пазар на Кам, засега не влијаат на работењето на  градскиот  пазар. Низ градот на повеќе локации се отворени зелени пазари чии цени на производите не се разликуваат многу од оние на градскиот пазар. Сепак ритуалот и навиката на граѓаните сеуште постои да се пазарува на градскиот пазар. Од градски пазар дознаваме дека засега конкуренцијата не ја чувствуваат. До нивните служби нема барања за откажување на договорите за закуп на тезги. Охридскиот градски  пазар во последниве години се соочува со проблем на намалена...

Continue reading

Bakraceski davacki

Намалување на цените на комуналните давачки-вети д-р Бакрачески

Post Views: 8 Тој рече дека Охрид ќе го развива како град на задоволни жители, со развиена инфраструктура и улици. Додаде дека тој, и неговиот тим ќе имаат поинаков пристап во водењето на јавните претпријатија. Бакрачески вети намалување на цените на комуналните и другите услуги кои се под надлежност на локалната.  „Ниту еден ден од мандатот нема да помине а да не се донесат мерки и одлуки во интерес на Охрид.“-порача Бакрачески. „Граѓаните на Охрид многу  добро паметат дека локалната самоуправа на СДСМ преку мнозинството во Советот изгласа неколку Одлуки со кои без никакво логично...

Continue reading

plaza

Сакате плажа од 21 век или од 20-ти?

Post Views: 1 Предупредувањата се реализираа. Плажите кои останаа без стопан поради ригорозните услови за добивање концесија кои ги наметна Министерството за транспорт и врски, го нагрдуваат охридското крајбрежје. Една од нив е и некогашната плажа „Корали“ на која нема ниту траг од онаа на која само пред едно лето уживаа голем број гости. Само остатоците од шанкот и од тоалетите асоцираат на тоа дека тука имало некакви содржини. Од друга страна пак плажите кои се под концесија веќе наголемо ги пратат европските трендови. Тие се убаво уредени, просторот е осмислен, а хигиената е на...

Continue reading

lokalna

Локална :Советникот Паноски од Владата нека побара намалување на цените кои секојдневно растат

Post Views: 1 Во реакцијата од Кабинетот на градоначалникот на иницијативата на советникот Дејан Паноски за намалување на висината на цените  на јавните услуги, стои: Советникот на ВМРО- ДПМНЕ  Дејан Паноски , доколку вистински се грижи за стандардот на граѓаните , кои поради лошото владеење на неговата партија се на работ на сиромаштијата, нека побара Владата да ги намали цените кои секојдневно се покачуваат. Нека побара од Владата  на ВМРО- ДПМНЕ , надлежните министерства и државните јавни претпријатија намалување на цените на нивните услуги, на  електричната енергија, телефонот...

Continue reading

panoski

Цените на услугите да се намалат

Post Views: 4 Локалните ЈП да ги намалат комуналните услуги. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски денес јавно ја покрена оваа иницијатива, поради намалувањето на цената на нафтата и нафтенте деривати, чија висина првично беше причина за зголемување на цената на услугите. Паноски дури смета дека треба да се размислува да се воведе конкурентност на пазарот на услугите, во интерес на граѓаните. „Комуналец да ги намали цените на комуналните услуги, нискоградба исто така и секако и Градски гробишта Јавното Претпријатие да ги намали цените, посебно услугата гробарина...

Continue reading

sms poraki

Поефтинува мобилната телефонија

Post Views: 1 Поефтинува мобилната телефонија. Тоа се очекува од први јуни според најавите на првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Ордановски. Цените веќе се намалени во фиксната телефонија, додека пак кај СМС пораките сеуште нема корекција бидејќи ќе се чека на регулативата на ЕУ. „За СМС воведовме пазар на СМС, но тој пазар се уште не е прифатен во Европската унија, каде што ние учествуваме. Покрај нас само уште две-три земји го имаат дефинирано овој пазар како релевантен. Ние чекаме да тој пазар да се прифати како релевантен и го усвои Европската комисија...

Continue reading

kosnicka

Трошоци за живот или трошоци за преживување?

Post Views: 1 Цените растат, буџетот на обичниот граѓанин закован за дното. За жал се поплитки стануваат џебовите на македонецот, па се повеќе основните потреби стануваат луксуз. Ако некогаш се знаеше кои се основни, а кои луксузни потреби, сега и таа граница како полека да се брише. Од месец во месец трошоците на живот се зголемуваат, а платите не мрдаат од место. Овој период не зафатија и матури, а токму цените на облеката и обувките најмногу скокнале во споредба со претходниот месец и тоа за 2,3 проценти. Ех да беше само тоа, ама не е. И храната и пијалоците скокнале за 1,6 насто,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top