• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Локална :Советникот Паноски од Владата нека побара намалување на цените кои секојдневно растат

Локална :Советникот Паноски од Владата нека побара намалување на цените кои секојдневно растат

Во реакцијата од Кабинетот на градоначалникот на иницијативата на советникот Дејан Паноски за намалување на висината на цените  на јавните услуги, стои:

 |   | 
lokalna
lokalna

Во реакцијата од Кабинетот на градоначалникот на иницијативата на советникот Дејан Паноски за намалување на висината на цените  на јавните услуги, стои:

opstinaСоветникот на ВМРО- ДПМНЕ  Дејан Паноски , доколку вистински се грижи за стандардот на граѓаните , кои поради лошото владеење на неговата партија се на работ на сиромаштијата, нека побара Владата да ги намали цените кои секојдневно се покачуваат. Нека побара од Владата  на ВМРО- ДПМНЕ , надлежните министерства и државните јавни претпријатија намалување на цените на нивните услуги, на  електричната енергија, телефонот , прехрамбените и другите основни производи кои во последно време се зголемени од 20 до 50 отсто.

Цените на услугите на Јавните претпријатија „ Охридски комуналец“ , „ Проаква“ и „ Никоградба“ се формирани кога нафтата беше 30 денари за литар , а електричната енергија имаше триста отсто пониска цена од сегашната. Советникот на ВМРО- ДПМНЕ  треба да знае дека сегашното намалување на цените на нафтените деривати за неколку денари , нема битно да влијае врз намалувањето на трошоците во охридските јавни претпријатија . Очигледно е дека кај Паноски , поважни се  партиски цели  од интересите на охриѓани , па си дозволува да купи некој политички поен од се посиромашните  граѓани.

Советникот на ВМРО- ДПМНЕ  треба да  собере храброст и да им  објасни  на граѓаните , што ќе се случи со нашиот стандард доколку се остварат најавите дека за брзо цената на бензинот ќе биде 90 денари , а цената на електричната енергија ќе се зголеми за 10 отсто. Очекуваме дека тогаш , во манир на неговата партија, нема да ни  објаснува , дека за се е крива светската економска криза, а не лошото владеење на ВМРО- ДПМНЕ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top