Намалување на цените на комуналните давачки-вети д-р Бакрачески

Работа на приоритетите уште од првиот ден по преземањето на локалната самоуправа во Охрид-најави кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески.

 |  Мишел Наумоски  | 
Bakraceski davacki
Бакрачески давачки

Тој рече дека Охрид ќе го развива како град на задоволни жители, со развиена инфраструктура и улици. Додаде дека тој, и неговиот тим ќе имаат поинаков пристап во водењето на јавните претпријатија. Бакрачески вети намалување на цените на комуналните и другите услуги кои се под надлежност на локалната.  „Ниту еден ден од мандатот нема да помине а да не се донесат мерки и одлуки во интерес на Охрид.“-порача Бакрачески.

pres Bakraceski„Граѓаните на Охрид многу  добро паметат дека локалната самоуправа на СДСМ преку мнозинството во Советот изгласа неколку Одлуки со кои без никакво логично објаснување  ја подигна цената на сметките неколку комунални услуги за граѓаните на Охрид и тоа цената на сметките за вода , за комунални услуги , за одведување на атмосферски води  па и за одржување на гробните места. Водени од само една единствена цел, да ги спаси лошо менаџираните и нерентабилни јавни претпријатија Локалната самоуправа  гласаше да се подигнат цените за вода на сметките од ЈП Проаква за 20 проценти , ги зголеми цените на услугите на Комуналец за 9 % , ги зголеми цените на услугите на Нискоградба за околу 15 % и одреди висина за таканаречената гробарина прво од 1200 денари ,па потоа 720 денари годишно.“-рече д-р Никола Бакрачески-кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

„На една од првите седници на Советот на Општина Охрид во кој мнозинство ќе имаат советниците од ВМРО ДПМНЕ ,ќе предложиме намалување на цените на комуналните и други услуги кои се под надлежност на локалната самоуправа. Притоа ќе го респектираме ставот кој и досега го имаше советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Охрид дека давачката за одржување на гробни места наместо 720 денари ќе биде 200 денари годишно. Ќе ги ангажираме најкомпетентни кадри кои стручно и одговорно ќе ги изготвуваат проценките на имот и права на реална основа со што граѓаните на Охрид нема да бидат принудени да плаќаат зголемен данок на промет. Сигнификантно ќе ги скратиме  астрономски високите и нејасни репрезентации;  давачките за мобилни телефони ; непотребните и бесцелни патни трошоци  и ред други измислени давачки на Општината.“-вели Бакрачески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top