Сакате плажа од 21 век или од 20-ти?


Дел од охридските плажи потсетуваат како да си во некое атрактивно туристичко место, а дел од нив како да си се вратил назад во шеесетите години од минатиот век

 |  Јаковлева Лионела  | 
plaza
плажа

Предупредувањата се реализираа. Плажите кои останаа без стопан поради ригорозните услови за добивање концесија кои ги наметна Министерството за транспорт и врски, го нагрдуваат охридското крајбрежје. Една од нив е и некогашната плажа „Корали“ на која нема ниту траг од онаа на која само пред едно лето уживаа голем број гости. Само остатоците од шанкот и од тоалетите асоцираат на тоа дека тука имало некакви содржини. Од друга страна пак плажите кои се под концесија веќе наголемо ги пратат европските трендови. Тие се убаво уредени, просторот е осмислен, а хигиената е на високо ниво. Ова лето единствено што недостасува се туристите. Љупчо Нечкоски, концесионерот на плажата „Акапулко“ вели дека во споредба со лани има повеќе гости, но ако споредиме со златните години како 2007 и 2008 резултатите се поразителни.neckoski

Нечкоски објаснува дека најголем број од гостите на плажата се од Србија, а има и домашни кои претежно се семејни луѓе. Тој кажува дека не е точна претпоставката дека доколку посетиш некоја од добро уредените плажи на охридската ривиера тоа скапо ќе те чини.

„На Акапулко, но и на другите плажи може секој да ужива , а да не потроши ниту денар“, вели Нечкоски. „Има слободен простор без лежалки и други реквизити каде посетителите можат да се сончаат и капат слободно. Доколку сакаат да ги користат реквизитите нормално ќе платат, но цените воопшто не се астрономски како што се прикажува“, додава тој.

Од изгледот, понудата и цените на плажите задоволни и гостите кои ги затекнавме да уживаат таму. Тие велат дека се е супер и дека повторно ќе дојдат во Охрид и додаваат дека не може да се прави никаква споредба помеѓу уредените и слободните плажи. Затоа сугерираат во иднина министерството да има поголемо чувство кога се одредуваат условите за издавање на плажите под концесија како би можеле поголемиот дел од нив да си добијат сопственик кој би се грижел за нив и би ги одржувал, а туристите би уживале во нивната убавина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top