Објавени цените на Apple Watch

Нема премногу изненадувања за оние кои ќе се одлучат да го купат

 |  инфодеск  | 

На штотуку завршената конференција за новинари, Apple конечно ги објави цените на паметниот часовник кои се движат од 349 долари за женската, односно помалата верзија па сѐ до 10.000 долари за златната 24 каратна верзија.

За оние кои се одлучиле да го купат Apple Watch нема премногу изненадувања, па така најевтината женска верзија т.н. Apple Sport ќе чини 349 долари, додека за мажите, односно 42мм верзија ќе чини 399 долари. Додатно можат да се купат ремчиња чии цени ќе можат да се најдат наскоро на официјалната страница.

Од друга страна постои и “обична” Apple Watch верзија изработена од нер’ѓосувачки челик чија цена за малиот 38мм часовник ќе изнесува од 549 до 1.049 долари во зависност од ремчето, додека машката верзија ќе чини помеѓу 599 и 1.099 долари за 42 мм часовник.

Луксузниот, кој ќе можат да си го приуштат оние со подлабок џеб, ќе чини повеќе од 10.000 долари, но цените и понатаму се непознати.

Што се однесува до испораката, часовниците ќе бидат достапни во преднарачка од 10-ти април додека испораката ќе почне од 24-ти април.

Освен цените и достапноста, претставени се и неколку новитети, но ништо премногу возбудливо. Фактот дека Apple Watch е сеуште “млад” и треба да се види дали корисниците ќе сакаат да носат еден на својата рака, а тоа ќе го одлучат тогаш кога уредот ќе го испробаат во сопствени раце. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top