Зголемени цените на угостителските услуги

Индексот на цените на угостителските услуги во декември, во споредба со ноември 2021, е зголемен за 0,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

 |   | 

Индексот на цените на угостителските услуги во декември, во споредба со ноември 2021, е зголемен за 0,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување е забележано во групата Храна за 0,4 проценти, Алкохолни пијалоци за 0,6, Безалкохолни пијалоци за 0,6 и Ноќевања за 0,6 отсто, велат од статистика. Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2021 година, во однос на истиот месец претходната година е зголемен за 1,7 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-декември 2021 година, во однос на истиот период од минатата година е зголемен за 0,6 отсто, додека во однос на декември 2020 година е зголемен за 0,5 проценти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top