Од 30 јуни паѓаат цените на роамингот и интернетот

Од 30 јуни ќе имаме балкански роаминг, односно поевтино ќе зборуваме со Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Оваа најава доаѓа од министерот за информатичко општество и првиот човек на Агенцијата за Електронски комуникации на денешната Меѓународна регулаторна конференција, која се одржува во Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 

Поевтин роаминг и интернет за туристите од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија. Тоа започнува од 30 јуни а намалените цени на роаминг услугите со овие три држави следуваат после потпишаната спогодба во Будва, како што истакна министерот за Информатичко општество Иво Ивановски.

„Тоа особено ќе значи многу за Р. Македонија, особено за Охрид каде што се наоѓаме, бидејќи туристите кои што ќе доаѓаат од земјите што се дел од спогодбата ќе плаќаат поевтин роаминг, а ќе може да користат и интернет. Се разбира ќе може да праќаат и СМС пораки и телекомуникациски услуги. Меѓу другото една од дискусиите ќе биде и што со апликациите како што се Вибер, Скајп бидејќи тие апликации не се воопшто регулирани“ – изјави Ивановски.

Од Агенцијата за електронски комуникации очекуваат  час поскоро кон оваа спогодба да се приклучи и Албанија, Косово и другите земји од регионот. Директорот на АЕК Роберт Орданоски појасни што значи тоа.

„Ако цената за 1 Mb досега беше 10 евра, по ново ќе биде 20 центи од евро, може сами да направите компарација драстично се намалува цената на  користењето на интернетот во овие 4 држави во кои што се потпиша договорот, битно е да се нагласи дека договорот е отворен со анекс било која држава може да се приклучи“– појаснува Орданоски.

За регулацијата на електронските комуникации, развојот на нови технологии и новите услуги за сите корисници на оваа индустрија ќе се дебатира три дена почнувајчи од денес во Охрид, на Меѓународната регулаторна конференција, која ја организира македонската Агенција за електронски комуникации.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top