Изгор цени за традиционалната зимница

Охридскиот пазар докажан дека е еден од најскапите во земјава. Цените на сезонските производи последниве 3-4 дена скокнаа дури за 50%. Многу потрошувачи ќе се откажат од традиционалниот ајвар продукт на својата трпеза.

 |  Билјана Николовска  | 
ajvar
ајвар

piperkiСкапо-ефтино мора да поминеме некако. Уплашено окото и на пазарџиите и на потрошувачите. За тоа допринесоа високите цени на охридскиот пазар кои деновиве се повисоки дури и за 50 проценти. Наглиот пораст на цените на сезонските продукти видно ги оддалечија потрошувачите од пазарџиските тезги кои нудат пред се домашен квалитет. Струмичката пиперка ајварка присутна на тезгите, но интересот на потрошувачите слаб. Пазарџиите се тешат дека сеуште е рано за зимница.
Потрошувачите годинава ќе се откажат од повеќе деликатеси за традиционалната зимница. Тие велат дека цените растат но примањата остануваат исти. Сумата предвидена за зимница, редуцирана.
pazar

Охридскиот пазар со натпросечно високите цени важи за убедливо најскап, пред останатите градови во државава. Ако до пред една недела цените некако се јадеа,(поднесуваа) сега се добро науени. Доматите чинат 50 ден, кромидот 40, морковот 40, домашната пиперка 40 ден. Ланскиот грав сега е 150 ден а килограм лански ореви чини 450 денари. Е па сега рачунајте што, колку и од каде ќе пазарите. Колку за една компарација, на струшкиот пазар цените на основните продукти за подготвување на зимница се двојно пониски од охридскиот, за да не зборуваме за истите цени на битолскиот и прилепскиот пазар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top