Ознака: цел

megjunarodna konferencija bezbednost

Безбедноста-императив за Западен Балкан

Post Views: 0 Нато и Европската унија се иднината на Западен Балкан пред се од безбедносен аспект. Ова е една од поентите истакнати на денешната меѓународна конференција. За „Безбедноста и евроатлантските перспективи на Балканот“ со свој говор се обрати министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Таа потенцираше дека делувањето на безбедносните институции на Република Македонија истовремено делува и на сопствената, но и на регионалната безбедност. „Во изминатиот период во Македонија беше конституирана една мошне солидна регулативна и институционална основа за натамошна надградба...

Continue reading

jordan trajkov

Организација и координација на факторите, можен успех во туризмот

Post Views: 4 Силна организација и координација на сите фактори вклучени во развојот на туризмот, е една од целите на кои интензивно ќе работи Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, се со цел да се надминат проблемите со кои се соочува оваа стопанска гранка, ова неодамна го истакна нејзиниот директор, Јордан Трајков. „Значи има конкретни проблеми проблеми меѓу хотелиерите, туристичките агенции и водичите и дека е потребен фер однос од сите инволвирани, се со цел колку е можно повеќе туристи да дојдат и да се чувствуваат подобро во Македонија“ објаснува Трајков. Што се однесува...

Continue reading

Jove kekenovski

Македонски експерти ќе го креираат високото образование во Црна Гора

Post Views: 4 Проф. д-р Јове Кекеноски од Факултетот за туризам и угостителство, познат аналитичар, ќе биде  дел од тимот кој ќе го креира високото образование во Црна Гора. Тој неодамна беше избран од црногорското министерство за образование и спорт да биде дел од листата на експерти за акредитација на високото образование и студиски програми во Црна Гора. „Ова е несекојдневен начин на собирање на туѓо меѓународно искуство каде сите ние кои сме избрани на таа листа на експерти ќе се обидеме нашето искуство да го импементираме во нивната пракса при отворањето на нови високообразовни...

Continue reading

katastar

Одделението за катастар-Охрид доби времен раководител

Post Views: 6 Како резултат на спроведената контрола на вработените од Секторот за внатрешна контрола при Агенцијата за катастар на недвижности  непосредно пред акцијата ″Отворено со катастарот″ во која беа пронајдени стотина нерешени предмети во фиоките на вработените во Одделението во Охрид, како и од големиот број на граѓани кои изразија незадоволство од работењето на Охридскиот Катастар, против дел од вработените беа превземени санкции и дисциплински мерки. Со цел надминување на констатираните слабости во работењето и за успешна имплементација на новиот електронски катастар, времено...

Continue reading

FTU konferencija

Еминентни стручњаци од областа на туризмот во Охрид

Post Views: 2 „Услужниот сектор во услови на променливо опкружување“, тема на меѓународната конференција која се одржува во Охрид, во Организација на ФТУ. Темата на конференцијата иако звучи малку апстрактно сепак е апсолутно актуелна и е поврзана со кризата на која сме сведоци и се надеваме дека дека дел од решенијата и дел од согледувањата на идните патишта  ќе бидат предложени токму на овој собир во Охрид. На конференцијата се пријавени 135 учесници од 14 земји, а дел од неа ќе бидат и четири врвни стручњаци во својата област од светски рамки кои ќе бидат и пленарни предавачи. „...

Continue reading

SVR

Дали има крај на тепачките во Охрид?

Post Views: 5 Не запираат инцидентите во Охрид. Уште една тепачка ги вознемири охриѓани. И покрај активните напори на полицијата за спречување на ваквите инциденти во кои се повредени голем број на лица, засега нив не им се гледа крајот. Последниот ваков инцидент се случи вчеравечер во 20 часот и триесет минути на улица „Цар Самоил“. Според официјалното соопштение на Министерството за внатрешни работи при настаната тепачка помеѓу лицата Н.Д.(29), А.Ф.(31)и А.Ј.(31) од една страна и С.Т.(33) од друга страна , сите од Охрид,  им пришло лицето  Н.Ч. (36) од Охрид и  се обидело да ги...

Continue reading

semejno nasilstvo

Промовирани протоколите за борба против семејно насилство

Post Views: 1 Започна промоцијата на протоколите или упатните механизми за постапување во случаи на семејно насилство. Националниот совет за родова рамноправност, во соработка со  Светската здравствена организација и Министерството за труд и социјална политика, во рамки на Заедничката програма на Обединетите нации за превенција од семејно насилство организираат серија дводневни обуки за употреба на овие механизми во случаи на семејно насилство. Благородна Шопова од Националниот совет за родова рамноправност објасни кое е знаечењето од протоколите во овој случај. „Проблемот е многу...

Continue reading

ujp baner

Дали Управата за јавни приходи е достапна за медиумите?

Post Views: 4 Колку соработуваат медиумите и Управата за јавни приходи? Комуникацијата помеѓу овие две страни е клучна во овозможување на достапност на информациите. Сепак, прашање е колку реално тие меѓусебно соработуваат. Токму во насока на регулирање на правата и обврските на двете страни е упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите кое го издаде Управата. Едно од главните начела во функционирањето на УЈП се транспарентноста и промоцијата на партнерство и еднаков третман. Управата редовно испраќа соопштенија до медиумите, а медиумите релативно редовно и ги објавуваат,...

Continue reading

mladi

Дали Законот за млади ќе се врати во Собрание?

Post Views: 8 Да го вратиме Законот за млади во собраниска процедура! Ова е иницијативата која во моментов ја спроведува Коалицијата на младински организации-СЕГА, а чија цел е добивање на сеопфатен закон за младите во Република Македонија. Овој контроверзен закон по острите критики кои ги доби во јавноста беше повлечен од собраниска процедура. Иако Владата најпрво негираше дека ќе го повлече, сепак на крајот на месец Октомври го врати на доработка. Но додека предлагачот размислува за недостатоците на законот, младите и натаму без регулирани права и обврски. Младинските организации...

Continue reading

seminar

Земјоделците не ги интересира како да го зачуваат родот?

Post Views: 1 Заштитата на растенијата, пред се на земјоделското производство за нашата држава претставува основна цел. Главно аграрна земја, Република Македонија се соочува со слични проблеми како и земјите во регионот, оттука и решенијата на истите се воглавно слични. 36-то советување за заштита на растенијата кое го организира Здружението за заштита на растенијата од Република Македонија на едно место ги сплоти научните сознанија од областа на земјоделството од целиот регион. Како илустрација за потребата од споделување на овие сознанија е примерот со појавата на карантинскиот...

Continue reading

decinja

Најмладите против дискриминацијата

Post Views: 7 Закон за спречување и заштита од дискриминација постои во Македонија. Но, сепак, потребно е сите ние да се ослободиме од стереотипите вкоренети кај нас, а дискриминацијата да ја оставиме некаде далеку на маргините од нашето општество. Најмладите од Охрид покажаа како треба против дискриминацијата. Во согласност со Акциониот план „Заедно против  дискриминација“, Општина Охрид и Црвениот Крст, на градскиот плоштад организираа културно уметничка манифестација. Ова е само мал обид во запознавањето на популацијата со постоењето на Законот за спречување и заштита од дискриминација...

Continue reading

tehnicko obrazovanie

Резбањето со рам и пилица на часовите, заминува во историјата

Post Views: 8 Техничко образование по европски терк. Благодарение на имплементацијата на ПЕП проектот, сите училишта сега ќе добијат контролни управувачки уреди, едукативен робот и СОЛАР КИТ комплети, со цел да се модернизира наставата по техничко образование. Учениците на О.У. „Григор Прличев“ ги презентираа првите стекнати знаења. „Јас имав изработено модел на стаклена градина, така што сончевата енергија се претвора во механичка работа на вентилаторот за да се одржи одредена температура во стаклената градина. „Денес имаме презентација на вежба со противпожарен аларм, имаме поставено...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top