Дали Управата за јавни приходи е достапна за медиумите?

Транспарентноста во работењето е едно од основните начела во функционирањето на овој државен орган. Медиумите и Управата, на хартија се партнери во овозможување на достапност на информациите, меѓутоа  колку тоа реално функционира? За оваа цел, Управата издаде и упатство во кое се објаснати правата, но и обврските на двете страни.

 |  Мишел Наумоски  | 
ujp baner
ujp baner

Колку соработуваат медиумите и Управата за јавни приходи? Комуникацијата помеѓу овие две страни е клучна во овозможување на достапност на информациите. Сепак, прашање е колку реално тие меѓусебно соработуваат. Токму во насока на регулирање на правата и обврските на двете страни е упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите кое го издаде Управата. Едно од главните начела во функционирањето на УЈП се транспарентноста и промоцијата на партнерство и еднаков третман. Управата редовно испраќа соопштенија до медиумите, а медиумите релативно редовно и ги објавуваат, меѓутоа дали е тоа максимумот на меѓусебна соработка?
ujp baner
„Комуникацијата на УЈП и медиумите е добра и УЈП гради партнерски однос со медиумите, како националните, така и со локалните. УЈП со медиумите активно соработува, преку соопштенија редовно дистрибуира актуелни вести, настани и пораки до пошироката јавност. УЈП го цени мислењето на медиумите, а со издржани критики и испитување на јавното мислење се добредојдени и круцијални за преземање на конкретни чекори на Управата за јавни приходи.“-вели Снежана Стојановска-Портпарол на регионална дирекција на УЈП-Битола.

Поради чувствителноста на податоците кои доаѓаат од Управата за јавни приходи, често на медиумите не им се дозволува да снимаат и интервјуираат во просториите на УЈП. За оваа проблематика во упатството е објаснето дека медиумот најпрво треба да добие одобрение за пристап од Канцеларијата за односи со јавност на управата. За оваа дозвола се вели дека се добива со претходно поднесување на писмено или усно барање до Канцеларијата за односи со јавноста на Управата.

„Ние секогаш, се што е актуелно на тема на актуелни настани, оданочување, за годишни даночни пријави, се што е актуелно за обврзниците обично ги викаме, даваме брифинзи или интервјуа со локалните телевизии како на локално така и на државно ниво со цел да се спречат токму такви настани и секогаш излегуваме во пресрет на барањата на медиумите. Ретко, досега не се има скоро никогаш случено на нашево локално, на регионалнава дирекција-Битола да дојдат насилно да снимаат, без барање. Секогаш сме им излегле во пресрет на новинарите.“-додава Стојановска.

Свои ограничувања има и Управата за јавни приходи. Според ова упатство, УЈП не смее да бара од новинарите да го откријат доверливиот извор на информации, освен во случај на извршување на писмена наредба на Јавниот обвинител. Доколку им се забрани пристап на новинарите, Канцеларијата за односи со јавноста е должна да ги објасни причините за забраната. Со цел унапредување на односите помеѓу Управата за јавни приходи и медиумите, од регионалната дирекција во Битола велат организираме и семинари за обука на новинарите и зголемување на даночната култура.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top