Македонски експерти ќе го креираат високото образование во Црна Гора

И Македонски експерти дел од мешаниот тим кој ќе го креира високото образование во Црна Гора.

 |  Маленкова Татјана  | 
Jove kekenovski
Јове Кекеновски

Проф. д-р Јове Кекеноски од Факултетот за туризам и угостителство, познат аналитичар, ќе биде  дел од тимот кој ќе го креира високото образование во Црна Гора. Тој неодамна беше избран од црногорското министерство за образование и спорт да биде дел од листата на експерти за акредитација на високото образование и студиски програми во Црна Гора.

„Ова е несекојдневен начин на собирање на туѓо меѓународно искуство каде сите ние кои сме избрани на таа листа на експерти ќе се обидеме нашето искуство да го импементираме во нивната пракса при отворањето на нови високообразовни институции и при реакредитирањето на студиските програми“, истакна проф. д-р Јове Кекеноски.

Кекеноски открива дека е запознаен со образовниот процес во Црна Гора. Тој додава дека на новиот состав dokument Crna Gora кој ќе го креира високото образование во оваа земја ќе им го понуди своето меѓународно искуство. Професорот Кекеноски е и еден од најголемите критичари на состојбите во високото образование во Македонија. Тој е еден од оние експерти кој смета дека Болоњскиот процес по кој се образуваат студентите даде одредени резулати, но не онакви какви што се очекуваа.

„ Мислам дека тука мора да направиме некоја преформулација на овој систем бидејќи јас има чувство дека квантитетот што го имаме сега не да ва и квалитет. Мора да работиме на подигање на квалитетот на лицата кои завршуваат факултет со цел да бидат поспремни и поедуцирани со цел да бидат од голема помош на Р Македонија“, истакна Кекеноски.

Професорот Кекеновски, кој е познат аналитичар, предава на неколку странски универзитети, а има учествувано и во подготовката на студиски програми каде што соработувал, како што е Институтот за мир и демократија од Белград кој е единица на универзитетот на  Обединетите Нации од Њу Јорк. Кекеновски во моментов соработува и со факултет по туризам од Благоевград, а е и соработник на меѓународната академија за управување со персонал од Киев.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top