Ознака: цел

skola za lideri

Направи разлика – стани корпоративно опшествено одговорен европски лидер

Post Views: 10 Охрид домаќин на летна школа за млади европски лидери каде учесниците ќе ги развијат своите лидерски вештини на полето на корпоративната општествена одговорност. Годинава школата се одржува под мототот „Направи разлика – стани корпоративно опшествено одговорен европски лидер“. Организатори на оваа школа се Економскиот факултет од Скопје при Универзитетот„ Св. Кирил и Методиј“ и студентската интернационална платформа на АИСЕК. „Идентичноста на мотото е дека секогаш нашата цел е да организираме школа со која што треба да се направи некаква разлика. Бидејќи никогаш неможете...

Continue reading

debrca

Отчет за првите 100 дена на градоначалникот Трајкоски

Post Views: 2 Отчет за првите 100 дена на Игор Трајкоски, градоначалникот на Дебрца. Изминатиов период направивме драстични измени во работењето на општина Дебрца, изјави Трајкоски. Додаде дека одговорно се посветиле на мештаните на Дебрца, ги сослушале нивните забелешки, сугестии и проблеми и успеале за прв пат да воведат веб страна на општина Дебрца со цел воспоставување на подобра комуникација и побрз пристап до информации. „Голем императив претставува и средба со најмалите од ОУ на Дебрца за кои прв пат беше отворена канцеларијата на градоначалникот. Знаејќи ги нивните потреби...

Continue reading

sredba sportisti

Дали Охрид ќе прерасне во главен спортски центар во земјава?

Post Views: 0 Градоначалникот Никола Бакрачески на иницијатива на првите луѓе на СРЦ „Билјанини извори“ организираше работна средба со спортските федерации од државава, Агенцијата за млади и спорт како и истакнатите спортски работници од градов. Крајната цел според Бакрачески е развој на спортските клубови во Охрид преку една ваква координирана акција. „Она што е наша цел како локална самоуправа и секако цел на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“, е да ја дадеме максималната логистичка подршка за организација на масовни настани во спортот кои што би се одржувале во Охрид....

Continue reading

Google претстави самовозaчки автомобил

Post Views: 1 Google овие денови направи голем чекор во развојот на самовозачките автомобили. Овој технолошки гигант почна сам да произведува свои прототипи на автомобили на иднината и на тој начин си отвори простор за потполна дизајнерска слобода и претставување на интересни концепти, како што е овој автомобил без управувач. Од Google напомнуваат дека трите прототипа кои моментално се користат како испитни модели првенствено се дизајнирани за посматрање и учење, а не за стил и удобност. Првиот фактор на кој се обрнува внимание е подобрување на сигурноста во сообраќајот и затоа ова...

Continue reading

Ohrid star del

ЛДП на локалната ќе и понуди проект за Стариот дел на Охрид

Post Views: 24 Охридските либералдемократи за 100 дена на градоначалникот му нудат предлог проект за Стариот дел на Охрид, за кој велат дека сериозно го подготвувале во изминативе две години. Претседателот на ОО на ЛДП Дејан Блажески вели дека тие како опозициона партија  не го испочитувале молкот од 100 дена, сметајќи  дека подобро е да се рагира на проблемите тогаш кога ќе се случуваат, отколку да се остават и работите да излезат од контрола.  Блажески смета дека средувањето на Стариот дел е приоритетен проект на кој треба да работи локалната. „Го изработија луѓе професионалци во...

Continue reading

Се продава пристаништето во Солун

Post Views: 18 Осум компании од целиот свет покажале интересирање за купување на мнозинскиот пакет акции од капиталот на јавното претпријатие Солунско пристаниште. Како што објавила во четвртокот Агенцијата за приватизација (HRAF), на таа листа се германскиот Equity Investment Partners, јапонскиот Mitsui&co., холандската APM Terminals, и  филипинската International container terminal services. Во трката се и холдингот Duferco participation holding limited од Луксембург, руската железничка компанија DD, лондонската компанија P&O и турскиот холдинг Yilport Holding. Агенцијата...

Continue reading

bazen

Санирани дефектите во градскиот базен-наскоро се става во функција

Post Views: 0 Градскиот базен за брзо време ќе биде ставен во функција. Од ЈП „Билјанини извори“ информираат дека при првата комплетна проверка на базенот, тие откриле многу лоша слика. Проблеми со мембраната, вентилите, функционирањето на моторите, каналите на базенот. Ова се само дел од проблемите на кои во изминативе неколку денови работеле од ЈП „Билјанини извори“,со цел што е можно побрзо ставање во функција на градскиот базен. „Ние веќе тоа го отстранивме. Има уште некои ситни работи кои што треба да се отстранат во денешниот и утрешниот ден. Се надевам дека нема да имаме покрупни...

Continue reading

pozar zgrada Turisticka

Координативно тело ги превзема работите со опожарената зграда на Туристичка

Post Views: 2 Откако жителите на опожарената зграда на бул. Туристичка пред камерата на ТВМ проговорија за проблемите со кои се соочуваат по пожарот, нивната мака ја видоа граѓаните на Охрид, но што е уште поважно, локалната власт и надлежните. Рано утрово на иницијатива на градоначлникот формирано е координативно тело, со цел да им се помогне на жителите од оваа зграда. Телото го сочинуваат преставници на локалната самоуправа предводени од градоначалникот и секретарот, преставници на градскиот совет, Противпожарната единица, Секторот за комунален развој и сообраќај , Центарот за...

Continue reading

seminar Filantropi

„Филантропија човекољубие на дело“, проект на Локалната агенција за развој

Post Views: 1 Целта на средбата која се одржа денеска е да се презентира проектот „Филантропија човекољубие на дело“ пред јавноста, а главната цел на овој проект кој го имплеметира локалната агенција за развој, е да се промовира филантропијата во Југозападниот дел на Македонија, поточно во општините Охрид и Струга.  Организаторот вели дека граѓанските здруженија имаат најголема потреба од филантропи  и  додаваат дека и самите ние сме филантропи кога го донираме нашето време и знаење за маргинализирани групи. „Во секој момент имаме потреба од други филантропи кои  ќе ни помогнат да...

Continue reading

blato

Охриѓани и гостите ќе куртулат од комарците

Post Views: 10 Ова лето ќе има дерман за охриѓани и гостите од комарците. На крајот на месецов ќе се врши дезинсекција или запрашување против комарци, велат од Регионалниот центар за јавно здравје.  Директорот на центарот, Атанаско Михаилов вели дека вреќе е разговарано со Градоначалникот со цел да се превземат потребните превентивни мерки на дезинсекција, дератизација и дезинфекција. Михаилов потенцира дека ова е единствен начин да се одбраниме од комарците во градов и додава дека минатогодишното авионско прскање воопшто не било продуктивно. Поради тоа годинава дезинсекцијата ќе...

Continue reading

Struga incidenti

СВР работи на расчистување на синоќешните инциденти во Струга

Post Views: 1 Група од повеќе жители на Струшкото село Враништа синоќа околу 23.30 минути го блокираше регионалниот пат Струга – Дебар. Инцидентот предизвика  попречување на нормалниот проток на сообраќајот на овој патен правец.  На 50 тина метри од овој инцидент друга група на граѓани жители на Велешта, но и Октиси и Лабуништа извршиле собирање со цел да го изразат револтот од претходното блокирање  на регионалниот пат. „Со навремена и брза интервенција на полициските службеници спречен е конфликт кој можел да прерасне и во поголем инцидент. На ова бликирање му претходело нарушување...

Continue reading

kralev

Министерот за образование, Панче Кралев денес прошета по училиштата во Струга

Post Views: 22   Целосно ќе се реконструира Основното општинско училиште Јосип Броз-Тито во Струга. Ова денес го најави министерот за образование, Панче Кралев. Тој го посети ова училиште со цел да види какви се условите во кои се одвива наставата. Кралев рече дека набрзо ќе бидат заменети прозорците, подовите и кровната конструкција во ова училиште.Министерот нагласи дека и во програмата на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Владимир Кочоски предвидени се инвестиции во делот на образованието. Кралев подвлече дека само со заедничко делување на Владата и Локалната самоуправа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top