„Филантропија човекољубие на дело“, проект на Локалната агенција за развој

Југозападниот регион изобилува со Филантропи – луѓе кои сакаат да им помагаат на социјално загрозените семејства.  

 |  Маленкова Татјана  | 
seminar Filantropi
семинар Филантропи

Целта на средбата која се одржа денеска е да се презентира проектот „Филантропија човекољубие на дело“ пред јавноста, а главната цел на овој проект кој го имплеметира локалната агенција за развој, е да се промовира филантропијата во Југозападниот дел на Македонија, поточно во општините Охрид и Струга.  Организаторот вели дека граѓанските здруженија имаат најголема потреба од филантропи  и  додаваат дека и самите ние сме филантропи кога го донираме нашето време и знаење за маргинализирани групи. „Во секој момент имаме потреба од други филантропи кои  ќе ни помогнат да ги реализираме нашите активности, а медиумите ни се неопходен дел да ја промовираат целата оваа идеја во јавноста“, вели претставникот на локаланата агенција заразвој,  Катерина Василеска.  

„Прво ќе имаме промотивна кампања, ова е дел од промотивната кампања и се надеваме дека ќе излеземе seminar Filantropiна што е можно повеќе медиуми, па ќе имаме истражување, тоа е главниот дел во кој што ќе се истражуваат донаторите и филантропите кои во претходниот период донирале нешто за некоја добра цел и ќе се истражуваат потребите на локалните заедници каде може нешто да се направи, доколку се најдат средства за таа потреба. И на крај ќе имаме свечен настан на кој ќе се поканат сите досегашни и потенцијални донатори ќе се презентираат локлните потреби, се надеваме дека успешно ќе ги споиме, можностите, потрбите и средствата кои се на располагање во овој регион“, вели претставникот на ЛАР, Катерина Василеска.

Проектот е поделен на три дела. Во првиот дел ќе се спроведат активности за да се лоцираат филантропи, односно граѓани организации  и бизнис лица кои што досега биле вклучени во организирање на донаторски активности и хуманитарни активности на подрачјето на регионов на Охрид и Струга, а вториот дел на истражувањето ќе се насочи кон оставрување на контакт со финатропите. Следна активност е со нив да бидат направени интервјуа, со цел да се откријат нивните мотиви и цели и од хуманото делување. Интервјуата  ќе бидат вметнати во еден каталог кој понатака во делот на проектот ќе биде промовиран. Третиот дел од проектот ќе  биде насочиме кон лоцирање на предлог проекти  кои не се од многу голема вредност, а имаат значење.

seminar Filantropi„ Граѓанскиот сектор е битно да се вклучи со предлози на финатропи, луѓе кои се насочени кон донации и хумани активности. Првиот дел од истражувањево кое веќе го спроведовме потврди дека во Охридскиот регион постојат филантропи и интересно е тоа што ретко медумски се промовирани затоа што постојат и онакви со цели во позадина политички и комерцијални, но има и вистински филантропи, и навистина сме изненадени од резултатите кои навистина се лоцирани“, истакна претставникот на ЛАР, Елена Михајлоска.

Проектот „Филантропија човекољубие на дело“, ќе се работи во следниве шест месеци, а планирано е истиот да заврши со свечен настан на кој ќе се поканат сите досегашни и потенцијални донатори и кога ќе се презентираат локалните потреби.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top