Отчет за првите 100 дена на градоначалникот Трајкоски

Поминаа првите 100 дена од мандатот на градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски. Модерна Дебрца е крајната цел која сака да ја постигне првиот човек на оваа општина, секако со поддршка на жителите како и со максимална ангажираност на јавната администрација. Трајкоски се пофали со реализација на дел од зацртаната програма.

 |  Николоска Биљана  | 
debrca
дебрца

debrcaОтчет за првите 100 дена на Игор Трајкоски, градоначалникот на Дебрца. Изминатиов период направивме драстични измени во работењето на општина Дебрца, изјави Трајкоски. Додаде дека одговорно се посветиле на мештаните на Дебрца, ги сослушале нивните забелешки, сугестии и проблеми и успеале за прв пат да воведат веб страна на општина Дебрца со цел воспоставување на подобра комуникација и побрз пристап до информации.

„Голем императив претставува и средба со најмалите од ОУ на Дебрца за кои прв пат беше отворена канцеларијата на градоначалникот. Знаејќи ги нивните потреби реализиравме проект за изграднба на ново монтажно училиште во село Волино во кое учениците ќе добијат најквалитетни услови за одржување на образовниот процес“.

Трајкоски истакна дека за првите 100 дена многу направиле во доменот на Локалната патна инфраструктура, сферата која најмногу ги засегнува жителите на Дебрца. Закрпиле многу ударни дупки а во добар дел од патиштата од руралните средини светнал и нов асфалт.

debrcaЛокалната самоуправа отпочна со асфалтирање на улици во селото Ботун најавувајќи модернизација на патната инфраструктура и асфалтирање на локални улици во село Песочан, Лешани и други населени места во општина Дебрца. Нов асфалтен пат од село Сливово до спој со магистралниот пат Охрид -Л-Кичево во должина од 2831 метро и вредност од 8 275 698 денари средства довбиени од Агенцијата за патишта на Р. Македонија“.

Покрај досега реализираните проекти градоначалникот на Дебрца најави инвестиции за асфалтирање на локални улици во вкупен износ од 6 милиони денари со што жителите на Дебрца целосно ќе имаат подобра инфраструктура и нема да газат по кал и прашина како досега. Трајкоски исто така најавува поставување на водоводна канализација со ископ на 150 метарски канал, со што пак во многу ќе се подобри водоснабдувањето во с. Оровник. Исто така планирале реконструкција на мрежите за снабдување со вода и во сите останати села кои имаат проблеми со водоснабдувањето. Трајкоски за крај рече дека патот за сите достигнувања кои се направиле и во иднина ќе се прават е тежок но со взаемна доверба, желба и мотив на сите ќе се постигне крајната цел модерна општина Дебрца.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top