Направи разлика – стани корпоративно опшествено одговорен европски лидер

Од утре во Охрид започнува третата летна школа за млади Европски лидери.

 |  Маленкова Татјана  | 
skola za lideri
школа за лидери

Охрид домаќин на летна школа за млади европски лидери каде учесниците ќе ги развијат своите лидерски вештини на полето на корпоративната општествена одговорност. Годинава школата се одржува под мототот „Направи разлика – стани корпоративно опшествено одговорен европски лидер“. Организатори на оваа школа се Економскиот факултет од Скопје при Универзитетот„ Св. Кирил и Методиј“ и студентската интернационална платформа на АИСЕК.

„Идентичноста на мотото е дека секогаш нашата цел е да организираме школа со која што треба да се skola za lideriнаправи некаква разлика. Бидејќи никогаш неможете да направите разлика ако сте сами туку во заедништво, секогаш ние тоа го правиме прво со нашите студенти, понатаму со општина Охрид која заслужува особено внимание и она што е многу битно за една општествена заедница да биде успешна  е секако бизнис заедницата. Токму од тие причини качувајќи се по тој пат  на правење  разлика, што е многу важно, најпрво почнавме со тоа што бевме „Зелени европски лидери“,потоа „Иновативни европски лидери“ а оваа година ќе бидеме „Општествено одговорни европски лидери„. Во таа насока како општествено одговорна едукативна институција како што е Економскиот факултет, има за цел  да изградиме визија како идните  учесници на пазарот на труд да бидат општествено одговорни – истакна проф. д-р. Билјана Секуловска Габер, координатор на Школата.
Професорката Габер додаде и дека преку одржаните работилници, учесниците на школата ќе изработат ќе и подарат на општина Охрид софтверски модул за промоција на туризмот.
Стефан Младеновски, претстедател на АИСЕК Локален комитет-Скопје, истакна дека АИСЕК е секогаш тука да ги носи најновите светски трендови, со цел македонските студенти да се запознаат со тематики и знаења од повеќе области. Оваа летна школа во организација на АИСЕК заедно со Економскиот факултет од Скопје, претставува плод на една успешна соработка – рече Младеновски.

„Кога би направил разлика со претходните години учеството на делегатите варира со 20 – 30 луѓе кои за разлика од минатите години, годинава ќе имаме делегати до Србија, Босна и Црна Гора. Минатите години имавме преставници од повеќе земји и секоја година гледаме да фатиме различен период, со цел македонските студенти да се запознаат повеќе со луѓе од другите региони и да ги разменат своите искуства. Мислам дека овогодинешната летна школа е лидер во организација на настани од ваков карактер. Заради тоа можеме слободно да се пофалиме дека активно сме вклучени во иднината“, истакна Младеновски.

Летната школа ќе се одржува во периодот од 5 до 14 август 2013 година.  Првиот ден започна со свечен настан кој се одржа во просториите на Економскиот факултет-Скопје, , во чиишто рамки свое корпоративно претставување ќе имаат компаниите поддржувачи на Школата.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top