Ознака: цел

advokati

Ќе се фискализираат охриските адвокати

Post Views: 37 Од први мај ќе се фискализираат охриските адвокати. 90тина адвокати од градов ќе треба да набават фискални апарати.Ова следува откога Владата го прифати барањето на Адвокатската комора и адвокатите за ставање надвор од примена на Законот за адвокатски маркички, со што ќе се овозможи фискализација на адвокатските услуги, вели Љупчо Наумовски-претседател на адвокатска заедница од Охрид. Министерството за финансии на првата седница на Владата ќе предложи измена на Законот со цел да се стави вон сила и да се премине на вообичаениот систем на одданочување на услугите на...

Continue reading

kandidati sovetnicka lista

Преставени кандидатите од советничката листа на Вмро Дпмне и Коалицијата

Post Views: 1 Лекари, професори, научни работници, бизнисмени се кандидатите од советничката листа на Вмро Дпмне и Коалицијата.  Носителот на советничката листа д-р Јованка Точко  ги престави и останатите кандидати како чесни, одговорни и докажани луѓе во својата професија. На денешното преставување д-р Точко потенцираше дека тоа се вистинските луѓе кои во идниот состав на  Локалната самоуправа ќе ги решаваат проблемите на Охрид и охриѓани.   „ Кандидатите за советници на листата се различни по возраст, но со иста цел, да одговорат на целокупната  проблематика со која се занимава...

Continue reading

narkomani duvlo

Во нас. Гоце Делчев ново дувло на наркомани

Post Views: 27 На влезот од нас Гоце Делчев никна уште едно собиралиште на зависници од дроги.  Станува збор за објектот кој некогаш беше продавница на Охридска Трговија, а потоа на Напредок. Овој објект кој е цврста градба иако од надвор е во добра состојба, внатрешноста е нешто сосема друго. Расфрлани шишиња, шприцеви, остатоци од храна, отпушоци од цигари на сите страни. Се обративме во СВР Охрид со цел да откриеме што секторот превзема со цел да им помогне на жителите од населбата Гоце Делчев. Од таму добивме уверување дека во рамките на нивните редовни активности ќе обрнат внимание...

Continue reading

preku ezeroto

„Преку езерото“, проект за унапредување на интеркултурниот дијалог

Post Views: 2 Активностите од проектот „Преку езерото“ на Младинскиот совет од Охрид земаат свој облик. Овој проект за изработка на интеркултурна стратегија за општините Охрид и Поградец, денес резултираше со средба помеѓу институциите и организациите кои потенцијално би биле учесници во неговото спроведување. На денешната средба претходеше формирањето на двете работни групи составени од средношколци, и студенти обучени на разни теми корисни за реализацијата на овој проект. „Тие две групи подготвија база, односно листа на потенцијални организации и институции кои ќе бидат вклучени...

Continue reading

svr

Пиротехничките средства, неизоставен дел од новогодишните празници

Post Views: 2   Звукот на петардите по се изгледа ќе го одбележат и овој дочек на Новата година. Деновиве насекаде по градов може да се слушне како некој се забавува пукајќи со овие опасни пиротехнички средства. Поради тоа од Секторот за внатрешни работи Охрид вршат интензивни и засилени  контроли на физички и правни лица со цел пронаоѓање на овие пиротехнички производи.Деновиве акции беа изведени во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, при што беа пронајдени и одземени околу 28 000 парчиња најразновидни петарди и низа други  пиротехнички средства нелегално набавени и наменети за понатамошна...

Continue reading

bakteriji

Епидемиолозите предложија низа мерки со цел да се спречи ширењето на стрептококната ангина

Post Views: 8 Центарот за јавно здравје апелира до сите матични лекари кои имаат сомнение на инфекција со Стрептокок задолжително да ја известат епидемиолошката служба. Целта на ваквото пријавување е што побрзо да се детектираат децата со Стрептококна инфекција, поточно да се открие изворот и да се спречи понатамошното ширење на ова заразно заболување. Епидемилогот Јованка Стурлакова Коровешоска за ТВ М ги открива предложените бројни мерки и активности во предучилишните и училишните установи се со цел да се спречи ширењето на стрептококните инфекции.   „Засилена хигиенизација на занималните,...

Continue reading

krija Joga

„Крија Јога“ пристигна во Македонија

Post Views: 8 „Крија Јога“ или техника на живот која многумина во светот секојдневно ја применуваат со цел да си го олеснат животот и со цел побрзо да стигнат до својта среќа конечно пристигна во Македонија.  Крија Јога“ е посебна техника која ги содржи сите други видови на јога, затоа што битието на јогата е во крија јога  и таа се состои од пет вежби кои човекот ги вежба за да си најде мир во душата, за да се смири и за да биде задоволен и среќен. Крија Јогата ќе ја има во Македонија, благодарение на новинарот Нада Штајнман.   „Мојата желба беше за да ја донесам оваа „Крија Јога“...

Continue reading

radio

Наскоро Здружение на приватните електорнски медиуми во Македонија

Post Views: 0 Новото здружение ќе се вика „Мак Медиа“, а за само еден ден идејата за формирањето доби  поддршка од  дваесет и два медиуми од Охрид, Струга,  Кичево, Битола, Прилеп и Македонски Брод.Одржан иницијативен состанок за формирање на Здружение на приватните електронски медиуми на Република Македонија. Новото здружение ќе се вика „Мак МЕДИА“, а според иницијаторите, цел на неговото формирање ќе биде решавање на наталожените проблеми во медиумската сфера.  Сашо Митаноски директорот на „Супер радио“ вели дека ницијалната каписла за создавање на ова здружение, беа новите барања...

Continue reading

deca

Бројот на учениците се намалува

Post Views: 1   Во основните училишта во градов ќе се формираат паралелки и со помалку од 24 ученици. Вака денес одлучија охридските советници. Одлуката беше неминовна бидејќи продолжува трендот на опаѓање на бројот на првооделенците, а комбинираните паралелки не се најсреќно решение ниту за учениците ниту за професорите, објаснува раководителот на одделението за образование, Серафим Наумоски. И во средните образовни центри поточно во Средното општинско училиште „Ванчо Питошески“ и во „Св. Наум охридски“ нема доволно ученици. Советот поради тоа одлучи да се формираат паралелки и со...

Continue reading

Ramazan Bajram

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Post Views: 6 Верниците со исламска вероисповест го слават празникот Рамазан Бајрам со кој завршува Светиот месец Рамазан и се означи крајот на едномесечниот пост. Прославата за рамазанскиот – Бајрам трае три дена, денеска е вториот ден од празникот. Ведат Хасан Сарачаглу пензиониран наставник кој сега живее во Истамбул – Турција се потсетува како некогаш се славел Рамазан Бајрам или Шеќер Бајрам во Охрид.  Раскажува дека кога биле деца родителите ги носеле од роднина до роднина, од пријател до пријател со цел да ги запознаат, а во денешно време родителите оделе сами, а децата...

Continue reading

logo

Се намалаува бројот на невработените лица во Охрид

Post Views: 1 Драстично се намалува бројот на невработените лица во општина Охрид, информираат од Центарот за вработување. Така  заклучно со месец јули 2012 година, бројот на невработени лица според нивната евиденција изнесува точно 8078 лица. Само за споредба пред пет години бројот на невработените лица изнесувал над 12 000. Според Јован Баткоски, директорот на Центарот, причините за ваквиот тренд се воведувањето на електронскиот систем на евиденција, потоа измените од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со кои статусот за невработеност не е услов за оставрување...

Continue reading

zemjotres belcista

Земјотрес го погоди Охридскиот регион

Post Views: 19 Земјотрес во Охридскиот регион. Епицентарот  на 9 км од селото Белчишта. Вознемиреност, паника и страв од нови потреси кај жителите од ова село. Долго ќе го паметат 07 јуни и земјотресот кој го погоди селото во 12 часот и 17 минути. Епилог од овој немил настан покрај вознемиреноста кај жителите се и рушевините и големата матријална штета кои ги остави зад себе овој потрес. Граѓаните не паметат ваков земјотрес.   „Само што дојдов од работа наеднаш почна да треси. Не да тресит туку како куќава да паѓа. Се почувствува некој звук страшен и осетивме само како паѓа се, рамки,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top