Земјотрес го погоди Охридскиот регион

Земјотрес на 9 км од Белчишта. 

 |  Маленкова Татјана  | 
zemjotres belcista
земјотрес белчишта

Земјотрес во Охридскиот регион. Епицентарот  на 9 км од селото Белчишта. Вознемиреност, паника и страв од нови потреси кај жителите од ова село. Долго ќе го паметат 07 јуни и земјотресот кој го погоди селото во 12 часот и 17 минути. Епилог од овој немил настан покрај вознемиреноста кај жителите се и рушевините и големата матријална штета кои ги остави зад себе овој потрес. Граѓаните не паметат ваков земјотрес.  

„Само што дојдов од работа наеднаш почна да треси. Не да тресит туку како куќава да паѓа. Се почувствува некој звук страшен и осетивме само како паѓа се, рамки, слики, земја, ѕидовите испукаа. Во zemjotres belcistaмоментот најмногу што ми текна беше децава да ги земам малите ги грабнав и почнав да викам бегајте излегувајте земјотрес. Ни се оштети и колата. падна ѕидот врз неа“, вели жител на Белчишта.
Друг пак додава: „Многу страшно беше. Дома бевме. Не знаевме што да правиме…

Преседателот на масната заедница, покрај тоа што  меѓу првите излегол на терен со цел да ја согледа состојбата во селото, веднаш пријавил во ценатот за управување со кризи.

„Имаше неколку куќи оштетено, неколку плевни, оџаци има доста паднато. Два автомобили се оштетени колку што видов. Народот е исплашен и сега некако им е страв да влегуваат во домовите. За среќа многу беше кратко, ако потраеш  мислам дека ќе го страмнеше селово“, вели Димитрија Трпески, претседател на МЗ Белчишта.

Еден час по земјотресот на терен ги затекнавме преставници од центарот за управување со кризи.

„Епицентарот се наоѓа во горната зона на општина Белчишта истиот е со јачина од 6 степени според европската скала на потреси од 1990 година. Излеговме на терен заедно со локалната самоуправа  со цел да ги согледаме оштетувањата кои граѓаните ги имаат пријавено. Досега немаме сознанија за многу големи оштетувања“, вели раководител на регионалниот центар на ЦУК, Митко Темелковски.

Првичната проценка на штетата треба да ја направи локалната самоуправа. zemjotres belcista

„Според првичните сознаија во одредени населени места забележавме одредени оштетувања на објектите. Локалната самоуправа согласно своите надлежности ќе формира посебна комисија за проценка на штета, која се формира со решение на градоначалникот на општината. Оваа комисија во наредните 30 дена треба да извшти увид на лице место и да ги посети лице кои пријавиле оштетувања од земјотресот и на основа на овој увид се изработува посебен елаборат з апроценка на штетата. Овој елаботрат се усвојува на седница на совет на општината и с едоставува до владината комисија за проценка на штети“, вели Зоран Ногачески, раководител за правни и општи работи во општина Белчишта.

Ногачески додава дека уште утре градоначалникот ќе донесе решение за формирање на комисија со цел што побрзо да започне истата со својата работа.   

Инаку покрај во Белчишта земјотресот помали штети предизвика и во другите населени места во Коселската зона. Пукнатини на ѕидови, паднати оџаци има и во Лешани, Велмеј, па дури и во селото Куратица. Силниот земјотрес го осетиле и кичевчани, дебарчани и гостиварчани, но и во одредени висококатници во Скопје. Во паника беа и Охриѓани кои поголем дел од денот го поминаа на улица од страв од нови потреси. Од охридската полиција информираат дека примиле голем број повици од исплашени граѓани, но немало првично информации за повредени или оштетувања. За секој случај, тие ги зголемиле уличните патроли.

Потресот  кој ги вознемири граѓаните најверојатно се должел на растресеното италијанско тло кое ја поврзува Турција, Бугарија, преку Македонија и Албанија, и завршува во Италија.  

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top