СВР работи на расчистување на синоќешните инциденти во Струга

Жители на Враништа и на Лабуништа синоќа го нарушија јавниот ред и мир во Струга.

 |  Маленкова Татјана  | 
Struga incidenti
Струга инциденти

Група од повеќе жители на Струшкото село Враништа синоќа околу 23.30 минути го блокираше регионалниот пат Струга – Дебар. Инцидентот предизвика  попречување на нормалниот проток на сообраќајот на овој патен правец.  На 50 тина метри од овој инцидент друга група на граѓани жители на Велешта, но и Октиси и Лабуништа извршиле собирање со цел да го изразат револтот од претходното блокирање  на регионалниот пат.

„Со навремена и брза интервенција на полициските службеници спречен е конфликт кој можел да прерасне Stefan Dimovskiи во поголем инцидент. На ова бликирање му претходело нарушување на јавниот ред и мир кој се случил исто на патот Струга – Дебар во 23.00 часот. Ова нарушување е случено во близина на спортскиот полигон во селотот Враништа кога жители од ова село застанале патничко моторно возило во кое имало четири патници и при тоа настанува вербална расправија и физичка пресметка“, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Димоски открива дека во оваа пресметка употребени биле железни предмети и нож со што се нанесени лесни телесни повреди на двајца учесници во инцидентот. Едниот жител на Враништа а другиот на струшкото село Лабуништа. За разлика од  синоќа денеска во Враништа, Велешта но и Лабуништа мирно.

„Нема никаква тензичност, никакви групни раздвижувања кои треба да значат револт на одредена група или на поединци. Состојбата е стабилна и нема никави индикации дека им обиди за нарушување на јавниот ред и мир или за некава дестабилизираност. Повикани на разговор да, но нема приведени, а две лица се во болница  со лесни телесни повреди, едниот во пределот на ногата, нанесен од убод на нож, а вториот во пределот на главата како резултат од удари нанесени со тупаници“, вели Димоски.

Од СВР Охрид  велат дека преку полициската станица во Струга навреме реагирале со цел спречување на поголем конфликт и во текот на денов ги превземаат неопходните мерки со цел расветлување на случајот и точно и прецизно утврдување на инволвираноста на сите учесници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top