Еминентни стручњаци од областа на туризмот во Охрид

„Услужниот сектор во услови на променливо опкружување“, тема на меѓународната конференција која се одржува во Охрид, во Организација на ФТУ.

 |  Татјана Маленкова  | 
FTU konferencija
FTU konferencija

„Услужниот сектор во услови на променливо опкружување“, тема на меѓународната конференција која се одржува во Охрид, во Организација на ФТУ.
Темата на конференцијата иако звучи малку апстрактно сепак е апсолутно актуелна и е поврзана со кризата на која сме сведоци и се надеваме дека дека дел од решенијата и дел од согледувањата на идните патишта  ќе бидат предложени токму на овој собир во Охрид. На конференцијата се пријавени 135 учесници од 14 земји, а дел од неа ќе бидат и четири врвни стручњаци во својата област од светски рамки кои ќе бидат и пленарни предавачи.

Saso Korunoski„ Факултетот веќе 40 години е во образовната дејност колку што е и во научната дејност. 11 конференција по ред се трудиме да го одржиме ритамот, не само во бројот на конференции во актулноста и во успешноста на конференциите.  Ова ќе биде една од најуспешните, а тоа го потврдува податокот што склучивме договор објавување на трудовите да оди со издавачот бр. 1 во светот ЕЛСИЕР“, вели деканот на ФТУ проф. д-р Сашо Коруноски.   

Директорот на агенцијата за супервизија во осигурувањето Климент Попоски во своето обраќање истакна дека темата на конференцијата е премногу актуелна. „Живееме во историски амбиент и треба да бидеме и среќни и несреќни. Несреќни затоа што последиците од светската економска криза сеуште ги чувствуваме.  Тие траат затоа што поради кредитот на  дел на одредени земји криза се пренесе и во ЕУ, а тоа значи влошување на животниот стандрд на населениот кој пак се одразува во животните односи.
Среќни треба да сме затоа што овој период е неисцрпен извор на научната мисла, затоа што кога имаме монотонија – немаме инспирација“, истакна Попоски. Тој додаде дека и осигурителната индустрија беше погодена од светскат криза. Се докажа дека оваа индустрија неможе да биде причинител за криза туку оваа индустрија е добар амортизер.  

FTU konferencijaПретставникот на Министерстваото за образование и наука Агим Рушити пред присутните истакна дека Високото образовани и инаучното истражување се приоритет и на владата на Р Македонија и дека и во иднина ќе се подржуваат истражувачки потенцијали“ истакна раководителот на секторот за високо образование во министерство за образование, Рушити.
На конференцијата ќе бидат презентирани 80 одбрани научни реферати. Целта на организаторите на дводневниот собир е да придонесат во развој на науката од областа на туризмот, осигурувањето, царината и шпедицијата, безбедноста и финансиската контрола, гастрономијата, токму во услови на променливо опкружување, но и да ги сублимираат идеите и искуствата на релевантните практичари, како од земјата, така и во светски рамки.

„ Програмскиот одбор кој ги рецензираше рефератите е составен од меѓународни реномирани научници кои со свои рецензии ги потврдија успешните реферати на нашите учесници на оваа конференција. Конференцијта е голема можност не само да слушнеме реферати, туку и заедно да продискутираме на теми кои ги обрабоуваат нашите научници. За таа цел ФТУ покрена иницијатива за меѓународна мрежа за наука и истражување со цел да го интензивира трансверот на науката и за овозможи да се направи платформа каде сите заинресирани да ја користат со цел да ги искажат своите идеи“, истакна  раководителот на центарот за научно – истражувачка работа, проф. д-р. Јаготка Стрезоска.

фТУ има богата меѓународна соработка со многу универзитети од Европа меѓу кои е и универзитетот за одржлив развој од Еберзвалде. Со овој универзитет ФТУ има потпишан и меѓународен универзитетки договор за соработка и како одраз на тој договор факултетот доби меѓународен проект за истражување на одржливиот развој во туризмот. Претставници од униветзитетот од Германија се гости на конференцијата, а заедничкиот прект ќе го презентираат  во рамки на конференцијата утре.

„ Проектот е тренинг програма и мрежа помеѓу професори, и претставници на мали и средни претпријатија и други мултипликатори за одржлив развој во туризмот. Овој проскт е финасиран од германска фондација за заштита на природата од сојуз на германска фондација која прокетот го финасира до 70 %. И целта е да се обучат мултипликатори во Охридскиот регион и Македонија кои ќе промовираат понатамошно одржливо промовирање во туризмот“, истакна Марта Бојковска  Лангер од  факултет Eberswalde, Германија.

Далечна цел на проектот  е да се зацврсти соработката и врз таа соработка да се изградат мастер студии во Охрид кои ќе ја обработуваат темата за одржливи аспекти во туризмот.
Меѓународната конференција во Организација на ФТУ започна денеска и ќе трае до 29 октомври. Вечерва вон работниот дел за гостите организаторот во хотелот Метропол организира Охридска визита.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top