Земјоделците не ги интересира како да го зачуваат родот?

Заштита на земјодеското производство, но нудење на здрава храна без остатоци од пестициди. Ова е основната цел на современото земјоделско производство кон која треба да целат сите производители. 36-то советување за заштита на растенијата во Република Македонија на едно место ги собра експертите од земјава, но и од регионот. Целта едноставна, решавање на заедничките проблеми од регионот на заеднички начин.

 |  Мишел Наумоски  | 
seminar
seminar

seminarЗаштитата на растенијата, пред се на земјоделското производство за нашата држава претставува основна цел. Главно аграрна земја, Република Македонија се соочува со слични проблеми како и земјите во регионот, оттука и решенијата на истите се воглавно слични. 36-то советување за заштита на растенијата кое го организира Здружението за заштита на растенијата од Република Македонија на едно место ги сплоти научните сознанија од областа на земјоделството од целиот регион. Како илустрација за потребата од споделување на овие сознанија е примерот со појавата на карантинскиот штетник тута апсолута кој го напаѓа доматот. Овој штетник е донесен од Јужна Америка, а има сериозни последици врз растението бидејќи може да уништи и до 100% од приносот. Примената на заштитата на растенијата оттука се наметнува како неизбежна.

„Важно е да се употребат сите можни расположливи средства и да може да се контролира. Работиме со природа која што не може така лесно да ја совладате, иако велиме дека сме лидери, ги водиме сите процеси, го водиме технолошкиот процес со земјоделството, меѓутоа она што природата како последица го дава или реагира да кажеме не е така лесно за совладување. Затоа мораме со сите средства и техники да излеземе, да можеме да ја контролираме бројноста на штетниците. Се трудиме и основна цел ни е она што рековте, безбеден производ, значи да не размислуваме што ќе купиме за јадење, меѓутоа е важно она што го носиме на трпезата да биде безбедно да нема остатоци од пестициди. А во овие случаи најчесто се користат средства за заштита кои што можат заради неправилна примена да остават остатоци.“-вели Проф.д-р Станислава Лазаревска-Здружение за заштита на растенијата-Р.М

Бројни професори и стручни лица од земјава и од регионов учествуваат на ова советување меѓутоа сепак таргет група се земјоделските производители. Кај нив заинтересираноста минимална иако во меѓувреме се жалат дека не добиваат никаква помош при одгледувањето на нивните култури.

prof. d-r Stanislava Lazarevska„Поканети се посебно производителите и најголема цел е овие информации што науката ги стекнува да ги трансферира до праксата. Има посетители од пракса, можев да сретнам повеќе меѓутоа од големите комбинати кои што сеуште функционираат, а вака поединечни производители и фармери не можам да видам. Би било добро да бидат присутни. Некогаш вложениот денар во присуство, на вакви семинари може да донесе бенефит во тоа што ќе се изнајдат решенија. Решение беше и ова што Мин за земјоделство беше присутно, министерот го слушаше проблемот и бараат решение како тоа понатаму преку програмите на ИПА да се повлечат средства за помош до производителите.“-додава Професор д-р Лазаревска.

Професор д-р Лазаревска вели дека во едно комерцијално производство насочено за пазар, едноставно мора да се користат системите за заштита на растенијата со цел културите да го дадат својот полн генетски потенцијал, а истовремено да се сочува животната средина и да се произведе здрава храна. На ова советување присутни беа стручни лица од Бугарија, Косово, Албанија, Србија, Хрватска, Словенија и Романија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top