Дали има крај на тепачките во Охрид?

Уште една тепачка во Охрид. Напорите кои ги вложуваат органите на прогонот со цел сузбивање на ваквите инциденти, проблеми и натаму се случуваат. Во последниот инцидент, повредени се две лица.

 |  Мишел Наумоски  | 
SVR
svr

SVRНе запираат инцидентите во Охрид. Уште една тепачка ги вознемири охриѓани. И покрај активните напори на полицијата за спречување на ваквите инциденти во кои се повредени голем број на лица, засега нив не им се гледа крајот. Последниот ваков инцидент се случи вчеравечер во 20 часот и триесет минути на улица „Цар Самоил“. Според официјалното соопштение на Министерството за внатрешни работи при настаната тепачка помеѓу лицата Н.Д.(29), А.Ф.(31)и А.Ј.(31) од една страна и С.Т.(33) од друга страна , сите од Охрид,  им пришло лицето  Н.Ч. (36) од Охрид и  се обидело да ги раздели . Притоа  Н.Ч.  бил нападнат со остар предмет во пределот на стомакот, а исто така бил повреден и С.Т. (33).  На Н.Ч. му е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид а потоа е пренесен и задржан на лекување во Медицинскиот центар Струга, а на С.Т. му е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид. СВР Охрид попладнево ги пронајде и приведе тројцата учесници во оваа тепачка кои од синоќа беа во бегство. Со приведените, дополнително ќе бидат обавени информативни разговори по што ќе следуваат и соодветни пријави. Само за потсетување, неколку вакви инциденти и неодамна ги вознемирија граѓаните. Меѓудругото, највпечатливи беа пукотниците кои се случија во „Пијано бар“, пукотниците пред ноќниот клуб „Наполеон“, потоа инцидентите во ресторанот „Фонтана“ и оној во кафе барот „Де Лаго“. Листата е многу подолга, доколку се погледне малку наназад. Застрашувачкиот факт е што се почесто во ваквите инциденти се користи и огнено оружје. Безразлика дали ова оружје е легално или нелегално, импровизирано или фабрички произведено, сепак нешто мора да се стори со цел да се намали бројот на овие инциденти. Едноставо Охриѓани не смеат да живеат во страв!

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top