Ознака: риба

ribari

Коњаноски: „Со доделувањето на Езерото под концесија,Владата доби партнер

Post Views: 6 Со добивањето концесионер на Охридското Езеро, за излов на риба за стопански риболов,  Владата доби партнер кој ќе се грижи заедно со сите државни институции за дополнителна заштита на рибниот фонд, изјави заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски кој денеска го посети Хидробиолошкиот институт во Охрид. Министрот додава дека Риболовните основи кои ги изработиле стручните лица од хидробиолошкиот институт и 14 доктори на науки, беа неопходни за да се прецизира како ќе се врши изловот на риба,  како да се објават тендерите  и како...

Continue reading

kanal sverc, radozda

Уште една успешна акција на МВР

Post Views: 0 Во исклучително успешна и координирана акција предводена од граничната полиција  на МВР  во соработка на полициската станица од Струга, синоќа во Радожда во близина на караулата пронајдени се  26 килограми опојна дрога Марихуана и 33 килограми риба Белвица. „Синоќешната акција беше координирана со нашите служби и како резултат на оваа координација  беше реализирано приведувањето на двете лица од македонска страна кои што  се директни учесници во криумчерењето на риби и на опојна дрога марихуана. Исто така пронајдени се и одземени значителна количина риби околу 25 килограми...

Continue reading

pastrmka

2000 ден. в џеб и ќе јадете охридска пастрмка

Post Views: 9 Платете 2000 ден. и ќе јадете охридска пастрмка. Гостите кои доаѓаат во градов сакаат да го пробаат овој охридски специјалитет, ама скапо ги чини. Ако некои од нив и имаат подлабок џеб и можат да си дозволат едно вакво не така евтино гастрономско задоволство се во дилема дали навистина рибата што ја јадат е охридска пастрмка знаејќи дека има забрана за нејзино ловење. Рибарите објаснуваат дека во рестораните може да се најде охридска пастрмка, но само од рибниците во Македонија каде се одгледува. Радован Димитриески од риболовното друштво Св. Апостол Павле вели дека...

Continue reading

pomor

Помор на плашица во каналот Студенчишта

Post Views: 11 Поморот на риба во каналот Билјанини извори, за едни мистерија, за други можна заработка. Овој немил настан кој се случи синоќа на нозе ги крана сите надлежни институции. Очевидец за ТВМ раскажува што се случувало во каналот по поморот на рибата.   „ Вчера кон 15 и 30 часот,  наеднаш најдоде риба од горната страна  на каналот и за 15 минути се преполна овој дел со риба. Тоа беше нешто невидено. Десетина луѓе собираа риба со ќепчиња. Од кај ги донесоа ќепчињата не знам, се снајдоа. Ние години сме со рибиве и по мои претпоставки мислам дека 3 до 4 тони риба овде имаше...

Continue reading

ikra

За неколку дена собрани 490.000 икра за вештачкиот мрест на пастрмката

Post Views: 0 На три  пункта: Трпејца, Пештани и Охрид за само 5 дена од почетокот на вештачкиот мрест на Охридската пастрмка се собрани 490.000 зрна икра. Научните работници од Хидробилошкиот институт се задоволни од текот на ловот на пастрмката и процесот на мрестот на овој ендемичен вид на риба.„ Во споредба со минатата година сме на исто, а можеби и на подобро ниво . Во првите денови бевме разочарани од дувањето на ветрот и од слабиот улов. Охридската пастрмка сака мирна вода за мрестење, а не  разбранувано езеро“, вели Зоран Спиркоски раководител на одделението за аквакултура.Покрај,временските...

Continue reading

ezero

Владата одлучи, еден концесионер за трите природни езера

Post Views: 0 Со рибниот фонд на трите природни езера, ќе управува еден концесионер. Оваа одлука владата на Р Македонија ја донесе на последната седница на 27 декември. На средбата присуствуваше и претставник на Хидробиолошкиот институт кој ги изработи риболовните основи врз основа на кои ќе бидат издавани концесиите за стопански и рекреативен риболов. „На таа седница кога се дискутираше по однос на  проблемот на давање на концесиите на овие три природни езера и двете акумулации Шпиље и Тивеш беше донесена одлука врз основа на дебата која се разви од околу еден час и се донесе одлука...

Continue reading

pastrmka

Охридската пастрмка пак в тавче, овојпат легално

Post Views: 0 Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одлучи на трите природни езера и 18 вештачки акумулации  да се лови риба. Оваа одлука следи по 7 годишната забрана за секаков вид на риболов, и три години по изработувањето на Риболовните основи од Хидробиолошкиот институт. На Охридското езеро, според оваа студиозна програма, ќе се лови според строго определени услови за двата концесионери, и за рекреативен и за стопански риболов. За 2011 година експертите од Хидробилошки институт дозволиле  за рекреативен риболов да се ловат 2000 кг Охридска пастрмка, белвица...

Continue reading

svr

Кривични пријави – СВР Охрид

Post Views: 1 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 4 лица за сторено кривично дело „незаконит риболов“. Кај лицата С.Ф.(25) и Д.Н.(22), од Охрид на 24-ти ноември, кај „Сараиште“ при извршен претрес во чамецот полицијата пронашла околу 72 парчиња разновидна риба. А кај лицата М.Р.(53) и С.Р.(29), од Пештани на 25-ти ноември, при извршен преглед од нивниот чамец се одземени 12 парчиња риба. Кривична пријава за сторено кривично дело „повреда на правото на дистрибутерот на технички посебно заштитен сателитски сигнал“ е поднесена против едно лице. Пријавениот без да поседува одобрение,...

Continue reading

Dimitrieski

Со здружени сили против незаконитиот риболов

Post Views: 0 Посебен полициски тим на СВР Охрид, од 13 ноември па навака, во координација со езерската полиција, спроведе засилени мерки за пронаоѓање на лица кои во водите на Охридското езеро вршат незаконит риболов. Од СВР откриваат дека мерките биле спроведувани во различни временски периоди на целто крајбрежје. Во акциите за незаконит риболов против повеќе лица биле поднесени соодветни пријави. Здружението на рекреативни риболовци ја подржуваат секоја акција која се спроведува за заштита на риболовниот фонд, но и секоја акција која ќе се спроведе до крај. „Сметаме дека треба...

Continue reading

ribari

Бела книга со црни мисли

Post Views: 14 Објавена риболовната основа за Охридското од страна на Хидробиолошкиот Завод. Со неа предвидено е 6 годишна забрана за лов на другите видови риба, покрај пастрмката. Охридските риболовци ова не го очекувале и се чуствуваат омаловажени. Речната пастрмка оставена на милост и немилост на рибокрадците. Изгубена е тригодишната битка на охридските рибари со Хидробиолошки завод. Спортските риболовци се пожалаа дека научната стратегија на заводот за 6 годишна забрана на спортскиот риболов на Охридското езеро, е погрешна. Според нив, риболовната основа за Охридското езеро, која...

Continue reading

ribari

Спортскиот риболов на колена

Post Views: 0 Спортските риболовци крајно револтирани. Се надеваа дека Владата ќе им дозволи рекреативен риболов, но нивните очекувања беа изневерени. Во моментов концесиите за риболов се истечени, а во меѓувреме мака си мачат рекреативните риболовци. Во сила е забраната за лов на риба, а спортскиот риболов ќе биде приклештен во место се додека не се доделат новите концесии. Засега очите на риболовците се вперени во Владата. „Значи таа вчера донесе одлука да се распише конкурс за доделување на концесии за реки, значи само за реки, а не за акумулациите и не за езерата. А тоа за нас...

Continue reading

ribolov

Ако не помагаме, зошто одмагаме?

Post Views: 1 Охрид деновиве беше домаќин на голем спортски настан. Во организација на СРК Рибарска Вистина, се одржа натпревар во дисциплината „Лов риба со јадица на пливка“. Беспрекорната организација и максималното вложување на спортските риболовци од СРК „Св. Апостол Петар“ докажаа дека Охрид има голем потенцијал за развој на спортскиот туризам. Но жалосно што надлежните не мислат така. Спортскиот риболов во Охрид во моментов е на маргините на интересите на релевантните институции, кои во најмала рака треба да погледнат во вистината и да ги вреднуваат напорите на ентузијастите,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top