Владата одлучи, еден концесионер за трите природни езера

Со рибниот фонд на трите природни езера, ќе управува еден концесионер. Оваа одлука владата на Р Македонија ја донесе на последната седница на 27 декември. На средбата присуствуваше и претставник на Хидробиолошкиот институт кој ги изработи риболовните основи врз основа на кои ќе бидат издавани концесиите за стопански и рекреативен риболов.

 |  Татјана Маленкова  | 
ezero
езеро

Ohridsko ezeroСо рибниот фонд на трите природни езера, ќе управува еден концесионер. Оваа одлука владата на Р Македонија ја донесе на последната седница на 27 декември. На средбата присуствуваше и претставник на Хидробиолошкиот институт кој ги изработи риболовните основи врз основа на кои ќе бидат издавани концесиите за стопански и рекреативен риболов.

„На таа седница кога се дискутираше по однос на  проблемот на давање на концесиите на овие три природни езера и двете акумулации Шпиље и Тивеш беше донесена одлука врз основа на дебата која се разви од околу еден час и се донесе одлука дека треба да има само еден концесионер и народски кажано еден стопан“, вели раководител на одд за рибарство и аквакултура, Зоран Спирковски.  

pastrmkaСпирковски додава дека заклучоците на седницата биле единствени и дека никој од присутните немал против на ваквиот начин на доделување на концесионирање. Раководител на одд. За рибарство и аквакултура открива дека друга новина која од сега ќе се практикува, а која небила предвидена во самата пракса на објавувањето на огласот е тоа што цената која што изготвувачите на риболовните основи ја поставиле и која е потребна за да се плаќа концесијата ќе биде како појдовна цена, а понатаму ќе се оди по пат на електронско надавање што значи дека сите оние потенцијални кандидати кои сакаат да ја добијат концесијата мора пред се да ги исполнат  условите кои се дефинирани во риболовната основа, а тоа се бројот на рибари,  рибочувари, пловни објекти и сета онаа минимум потребна опрема за вршење на риболов. Спирковски додава дека во т.н правилник дефинирани се многу проблеми и поставени се закономерности кои досега неможеле да ги предвидат, како што се димензиите на мрежите  не само по однос на окцата туку и по видовите на риби и нивната должина, бројот на такви мрежи кои можата да се употребат во риболовен ден за видови на риба и тоа сметано по рибар.

„ Сметаме дека на ваквиот начин оној кој ќе ја добие концесијата првите три години барем за Охридското езеро, нетреба да се надава дека ќе има голема добит, туку дека тие ќе му бидат само за одржување на она што го викаме пред се чувањето, а после неколку години може да се очекува финансиски добивка“, вели Спирковски.

m-r Zoran SpirkovskiСпиркоски потенцира дека најголемиот улов кој е постигант во Охридското езеро бил во 1929 год. со тогашните начини на лов и немодерни техники и истиот изнасувал 357 тона риба од кое 250 тони припаѓа на плашицата 180 тона на пастрмката 20 белвица и останати риби.
„Ги зголемивме димензиите најмалата должина на риби кои смее  да се лови по видови. Сега одиме на поинаков начин на ловење на риба и тоа по квалитет на риба, старост која ќе може да се вади од езерото. Сето ова го правиме со цел да се овозможи тие да остават повеќе потомство за разлика од она што сега се правеше досега.

„ Количините кои се предвидени во првите години за стопански риболов на пастрмка е 2000 кг или 2 тона , а во 2016 год. би требало да бидат 20 тона доколку се покаже дека сетоа тоа е изводливо сметајќи ги последниве тврдиме врз основа на фактите кои ги имаме дека  по пат на рибокрадство се вадат барем 3 до 4 пати повеќе секоја година“, додава Спирковски.  

„Според раководителот на одд. за рибарство и аквакултура 70 тина луѓе би требало перманентно да бидат присутни во езерото за да ги спечат сите негативни работи кои се случуваат во моментов. Останува државата да го контролира ова, а ние да ги контролираме состојбите на популацијата поточно на уловот  добиван при тој пат, додава Спирковски.

Охридското Езеро е без концесионер од 2004 година.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top