Помор на плашица во каналот Студенчишта

Поморот на риба во каналот Билјанини извори, за едни мистерија, за други можна заработка. Овој немил настан кој се случи синоќа на нозе ги крана сите надлежни институции. Очевидец за ТВМ раскажува што се случувало во каналот по поморот на рибата. 

 |  Татјана Маленкова  | 
pomor
помор плашица

Поморот на риба во каналот Билјанини извори, за едни мистерија, за други можна заработка. Овој немил настан кој се случи синоќа на нозе ги крана сите надлежни институции. Очевидец за ТВМ раскажува што се случувало во каналот по поморот на рибата.  

„ Вчера кон 15 и 30 часот,  наеднаш најдоде риба од горната страна  на каналот и за 15 минути се преполна овој дел со риба. Тоа беше нешто невидено. Десетина луѓе собираа риба со ќепчиња. Од кај ги донесоа ќепчињата не знам, се снајдоа. Ние години сме со рибиве и по мои претпоставки мислам дека 3 до 4 тони риба овде имаше со гаранција. Изумрената ја собраа. Сношти ја ваѓаа од водата, ја одбираа и дел собираа, а дел ја шутираа и ја враќаа во каналот. Тоа беше страшно. Можеби 200 – 300 кила риба пливаше одозгора мртва. Само што ги маваа со нозе и ги шутираа во канал. Поморот не беше од кислород или од нешто друго, се беше само поради тоа што ја шутираа со нозе рибата“, вели очевиден на настанот.

„Каналот Билјанини извори, наместо туристичка атракција стана мистерија“, вели претседателот Спортското риболовно друштво Св Апостол Петар,  Радован Димитриески.

Radovan Dimitrieski„ Вчара во доцните часови рекрестивните риболовци почнаа да реагираат, да се јавуваат секаде и да информираат за една несекојдневна појава, односно наезда на плашица само на горниот дел на каналот. Рекоа дека некои почнале да ги злоупотребуваат своите ќепчиња и почнале да ловат на недозволен начин. Тие риби што останале на суво ги шутурале со нога во вода и од тоа е причината што има олку голем број мртви риби. Но, за нас овде има една овластена институција надлежна за мониторинг на езерото и тука спаѓа и каналот и треба да излезат со конкретни податоци, зошто се случи ова и зошто само на овие 100 метри“, вели претседателот на СРД Св. Апостол Петар, Радован Димитриески.

Уште синоќа на терен излегоа и сите надлежни институции. Меѓу нив беше и државниот инспектор за земјоделство од областа на рибарството и аквакултурата Јован Бојчевски.

inspektor „ Затекнавме голема количина на угинати плашици за што веднаш беше информиран хидробилошкиот завод од Охрид како овластена институција од државава од делот на рибарството, беше информиран и на терен излезе официјалниот ветеринар при агенцијата за храна и ветеринарство и од овластената институција од хидробилошкиот завод. Во мометот на моето доаѓање со службеното возило беа затекнати неколку лица кои очигледно вршеа излов на плашица од каналот, меѓутоа по забележувањето на обележаното службено возило истите се разбегаа од каналот Студенчишта“, вели државениот инспектор за земјоделство – рибартсво, Јован Бојчевски.

Од инспекторатот додаваат дека во соработка со СВР ги направиле сите неопходни мерки за пронаоѓање на оние кои вчера со ќепчиња ја ваделе рибата од каналот и ја собирале во вреќи.  

Центарот за јавно здравје е уште една од институциите кои веднаш излегле на терен, при што уште вчера зеле примероци од водата од каналот. По деталната анализа на водата точно ќе се знае причината за поморот на плашицата.  
„Од каналот се земени примероци на вода испитано е вкупното количество на кислород во водата за кое претпоставуваме дека претставува основна причина за поморот на плашицата, но ние зедовме примероци за испитување и ќе направие и хемиска и микробилошка анализа. Сметаме дека кислородот во водата е предуслов за рибите да живеат е под нормалното дозволено ниво. Нивото на кислород е под дозволеното ниво. Веруваме дека тоа е поради немањето на биолошки минимум на доток на вода од Билјанините Извори во каналот заради што плашицата е повлечена кон гормиот дел и во потрагата по кислород е групирана на големо место“, вели директорот на центар за јавно здравје, Атансако Михаилов.

Во каналот Студенчишта и денеска може да се пронајде изумрена плашица, но во многу помали количини од онаа која вчера изумре токму н аовој простор.
Додека надлежните ги сумираат резултатите од испитувањата за причините поради настана помор на плашица останува апелот кој го упатуваат надлежните институции а тоа е Рибата која вчера беше собирана од каналот во никој случај да не се конзумира.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top