Со здружени сили против незаконитиот риболов

Посебен полициски тим на СВР Охрид, од 13 ноември па навака, во координација со езерската полиција, спроведе засилени мерки за пронаоѓање на лица кои во водите на Охридското езеро вршат незаконит риболов. Од СВР откриваат дека мерките биле спроведувани во различни временски периоди на целто крајбрежје. Во акциите за незаконит риболов против повеќе лица биле поднесени соодветни пријави.

 |  Татјана Маленкова  | 
Dimitrieski
Dimitrieski

Посебен полициски тим на СВР Охрид, од 13 ноември па навака, во координација со езерската полиција, спроведе засилени мерки за пронаоѓање на лица кои во водите на Охридското езеро вршат незаконит риболов. Од СВР откриваат дека мерките биле спроведувани во различни временски периоди на целто крајбрежје. Во акциите за незаконит риболов против повеќе лица биле поднесени соодветни пријави.
Здружението на рекреативни риболовци ја подржуваат секоја акција која се спроведува за заштита на риболовниот фонд, но и секоја акција која ќе се спроведе до крај. „Сметаме дека треба не само да се фати рибокрадецот туку и да се процесуира самата пријава на суд и истиот да се осуди. Ни требаат такви акции, а не за само собирање на мрежи и риби“, вели Радован Димитриески од Здружението на рекреативни риболовци.

„ Ние и понатака остануваме на тоа дека во Македонија треба да се формира рибарска полиција која ќе се вика агенција за заштита на рибниот фонд која ќе го штити целокупниот рибен фонд во Р Македонија. Односно во реките се мрести поточна пастрмка никој не ја штити рибокрадците ја хараат ноќно време со вили, со мрежи со што не и штетата која ќе ја нанесат ние во наредните 15 години не ќе можиме да ја надохнадиме“, вели Радован Димитриески  од здружение на рекреативни риболовци.

Димистриески додава дека како здружение предлагаат ако се врши трајна заштита  на езерото средствата наменети за вештачки мрест да се пренеменат за рибочуварската служба. Ако Хидробилошкиот институт  или Шум го порибат езерото со 3000 парчиња пастрмка, а некој надиво извади 5000, не сме напревиле ништо.  Секаде во светот приоритет е заштитата, а потоа порибувањето“, вели Димистриески.

„ Јас сматам дека дневно во Охридско езеро се фрлаат над 10 километри мережи. Тоа значи дека оваа акција е од минимални карактери веројатно така била и организирана. На езерото му требаат не атхок акции кои како ќе завршат ќе видиме туку му треба стопан кој ќе ја заштити пастрмката и белвицата. Сега се мрести охридската белвица која не е заштитена. Можеме со камери да излеземе и да докажеме колку мрежи се фрлаат дневно во Охридското езеро“, додава Димитриески.

ribariИнаку координираните акции на СВР и езерската полиција започнаа на 13 овој месец од Авто кампот Андон Дуков кога при извршување на дело незаконит риболов беа затекнати двајца охриѓани, а во нивниот чамец 202 парчиња риба „Белвица, 28 парчиња „Мрена, 37 парчиња „Грунец, 13 парчиња „Клен, и крап, како и четири рибарски мрежи во должина од 150 метри.

Кривични пријави се поднесени и против лица од Трпејца и охрид кои во близина на селото Трпејца, противправно уловиле 13 парчиња риба „Белвица“3 парчиња риба „Мрена„ и 6 парчина „Грунец, а покрај уловот имало 3 мрежи во должина од по 50 метри.

Во последната акција пак спроведена во близина на Пештани, полициските службеници затекнале две лица жители на Пештани, кои, во  обид да избегаат, во езерото фрлиле една платнена торба во која вкупно биле пронајдени 12 парчиња риба „Белвица„.
Ништо порозева не е ситуацијата и на струшкиот дел од крајбрежјето, каде во неколку чамци СВР пронајде повеќе рибарски мрежи.

Од СВР Охрид најавуваат дека ќе продолжат со акциите за спречување на незаконитиот риболов.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top