Охридската пастрмка пак в тавче, овојпат легално

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одлучи на трите природни езера и 18 вештачки акумулации  да се лови риба. Оваа одлука следи по 7 годишната забрана за секаков вид на риболов, и три години по изработувањето на Риболовните основи од Хидробиолошкиот институт.

 |  Валентина Нелоска  | 
pastrmka
pastrmka

pastrmkaМинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одлучи на трите природни езера и 18 вештачки акумулации  да се лови риба. Оваа одлука следи по 7 годишната забрана за секаков вид на риболов, и три години по изработувањето на Риболовните основи од Хидробиолошкиот институт. На Охридското езеро, според оваа студиозна програма, ќе се лови според строго определени услови за двата концесионери, и за рекреативен и за стопански риболов.

За 2011 година експертите од Хидробилошки институт дозволиле  за рекреативен риболов да се ловат 2000 кг Охридска пастрмка, белвица 500 кг и плашица 200.000 кг. За стопански риболов, пак за оваа година може да се ловат 1200 кг Охридска пастрмка, белвицата не е дозволена за риболов, а плашица може да се лови до 50.000 кг, вели  м-р Зоран Спиркоски од Хидробилошкиот институт.
m-r Zoran SpirkoskiЗа секоја наредна година во текот на шесте години колку што ќе трае дозволениот лов за стопански и рекретивен риболов се предложени зголемени количини за риболов. Определени се кога смеат, а кога не да се ловат различните видови риба. Научните работници кои работеле на изготвување на риболовните основи мислеле пред се на заштитата  на рибниот фонд и предложиле на еден дел од Охридското езеро целосна забрана за било каков риболов, вели Спиркоски.

„Тоа е крајбрежјето на потег од Градиште до Трпејца кое е прогласено за природно мрестилиште. На овој потег  ќе се лови само за нучно истражувачки цели,“ нагласува Спиркоски.
И додека, Спортското – риболовно друштво „Св.Апостол Петар“ е  концесионерот за спортско рекретаивниот риболов, држвата сеуште не го обајвила тендерот за концесионер на стопанскиот риболов.  Дозволените количини за лов по видови риба на концесионерите им носат и строги правила кои ќе треба да ги почитуваат.  Точно се прецизирани и  количините според кои  концесионерите ќе обезбедуваат средства за порибување на езерото, а ќе треба и физички да го обезбедуваат со рибочувари. Концесионерот за рекретаивен риболов ќе морад да обезбеди 2-ца рибочувари со положен рибарски испит и претходно поседување на лиценца за обезедување на имоти и лица. Овој услов за концесионерот за стопански риболов е 12 рибочувари. Рекреативците риболовци ќе може да ловат само со 7 блинкери на еден рибарски стап и ќе мора да поседуваат дозвола за  управување на уредно регистриран  пловен објект.    

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top