Бела книга со црни мисли

Објавена риболовната основа за Охридското езеро од страна на Хидробиолошкиот Завод. Со неа предвидено е 6 годишна забрана за лов на другите видови риба, покрај пастрмката. Охридските риболовци ова не го очекувале и се чуствуваат омаловажени.

 |  Билјана Николоска  | 
ribari
ribari

Објавена риболовната основа за Охридското од страна на Хидробиолошкиот Завод. Со неа предвидено е 6 годишна забрана за лов на другите видови риба, покрај пастрмката. Охридските риболовци ова не го очекувале и се чуствуваат омаловажени.

Речната пастрмка оставена на милост и немилост на рибокрадците. Изгубена е тригодишната битка на охридските рибари со Хидробиолошки завод. Спортските риболовци се пожалаа дека научната стратегија на заводот за 6 годишна забрана на спортскиот риболов на Охридското езеро, е погрешна. Според нив, риболовната основа за Охридското езеро, која е објавена пред една недела, доцни цели три години и никој досега за тоа не сноси одговорност. Познато е дека Хидробиолошки завод овој тендер го добил уште во 2008 година. Претседателот на СРК Св. Апостол Петар, Радован Димитриевски, вели дека ова е само уште еден лош и некоректен потег на оваа научна институција кон рибарите.
Во Македонија башибозук владее на сите речни ревири, бидејќи истите сеуште не се дадени под концесија. Димитриески апелира итно да се преземат мерки, пред да биде предоцна.
Radovan DimitrievskiОхридското езеро сеуште неможе да куртули од рибокрадците, а факт е дека и надлежните тешко се справуваат со овој проблем. Сведоци сме дека се запленуваат мрежи, риби, но за жал не и одговорни за тоа. Димитриески забележува дека риболовната мафија сеуште царува на водните ревири и оти тесното грло околу оваа проблематика е немањето слух на надлежните за воведување рибарска полиција.
Шест годишната забрана за лов на грунец, моранец, клен од чамец, важи само за Охридското езеро. Од тука, Димитриески прашува, која е научната теорија на експертите на Хидробиолошкиот институт дека охридските рибари ќе фрлаат мрежи за лов на риба, а оние на Преспанското и Дојранското езеро нема да го прават тоа. Само за потсетување, вон границите на земјава, во Европа има 20 милиони, во светот 200 милиони рибари, а само во Норвешка 50% од населението се рибари од кои 30% жени. Димитриески вели каде сме тука ние ако се знае дека во повеќето енциклопедии пишува оти пред 2000 години руски генерал патописец во своите записи забележал мушичарење на реката Струма, каде опишал како македонците ловеле риби со пеги, а го опишале и риболовниот прибор. Тој додава дека Обама, Медведеев, Путин и други политичари за време на кампањата се прикажуваат како страсни риболовци, а кај нас да си риболовец не значи ништо.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top